За нас

Порака од Директорот

Почитувани посетители,Ни причинува задоволство да ви посакаме добредојде на нашата интернет страна.

Оваа интернет страна е почетна точка за луѓето кои сакаат да дознаат повеќе за нашиот уникатен Научно-истражувачки институт во Република Македонија, кој е креиран како центар за извонредност и се базира на три клучни столбови - истражување и развој, образование и консултантски услуги.

Институтот е фокусиран на активности во животната средина, градежништвото, енергетиката и другите сродни природни и општествени научни области.

Особено сме возбудени што нашата интернет страна ќе биде една од главните алатки за комуникација со нашите клиенти, партнери и членови. Сметаме дека е важно да бидеме вклучени во непрекинат дијалог со сите кои соработуваме. Би сакале да ги дознаеме вашите размислувања и погледи за трите клучни столбови.

Како директор на Институтот, планирам да објавувам релевантни информации на интернет страната за нашите членови и затоа би сакала да ве охрабрам  да станете член на нашата нова интернет страна и да нè следите на LinkedIn и Facebook.

Се надеваме дека ќе ве видиме како активен член на нашата интернет страна!

Искрено,
Славица Трајковска
Директор, ИЕГЕ