Профил на институтот

Профил на институтот

Истражувањето и развојот имаат клучна улога во процесот на иновации. Во суштина, тоа е инвестиција во знаење и идни капацитети, кои може да се трансформираат во нови производи, процеси и услуги, како и развој на нови конкурентни предности.

Паралелно со истражувањето и развојот, инвестицијата во континуираното доживотно учење е од клучно значење за унапредување на социо-економскиот статус на која било земја, претпријатие и/или институт, бидејќи создава голем број високо квалификувани, стручни, креативни, етични поединци кои се потребни за да се изгради и раководи индустрија на иднината.

Имајќи го ова на ум и поддржани од страна на Градежниот институт „Македонија“ (ГИМ) со својата 40 годишна успешна работа, бевме инспирирани да основаме уникатна и прва приватна научно-истражувачка институција во Македонија. ИЕГЕ е фокусиран на активности во животната средина, градежништвото, енергетиката и другите сродни природни и општествени научни области.

Нашата водечка стратегија е креирана со ориентација кон одржлив развој и економија базирана на знаење, за да ги охрабриме идните генерации да продолжат со откривање, креирање, моделирање, извршување, мониторинг и подобрување на активностите на истражување и развој, и применетото знаење, вештини и компетенции потребни за обезбедување благосостојба на идните генерации.

Темелите на Институтот се поставени на три столба: