Образование

Образование

Континуираното образование е од витално значење за луѓето кои сакаат да ги надградат своите работни вештини и знаења. Програмите за доживотно образование се корисни за бизнисот и работниците. Работодавачите го охрабруваат континуираното образование за да ја задржат високо квалификуваната и стручна работна сила. Вработените имаат можност да останат во чекор со најновите технологии и деловни техники, како и да добијат унапредување и да ги остваруваат своите кариерни цели.

IECE's Доживотното образование за возрасни во ИЕГЕ вклучува високо интегрирани и иновативни форми на доживотно учење во формалното и неформалното образование за возрасни како што се индустриски докторати, семестрални и кратки тренинг курсеви и обуки, како и форуми, семинари и конференции.

 

Се стремиме да понудиме знаење, вештини и компетенции кои се потребни и нашите студенти да станат поконкурентни на пазарот на трудот и да го обезбедат своето место на меѓународно ниво. Затоа, ги креираме нашите едукативни програми во соработка со јавниот и приватниот сектор во земјата и надвор од неа и создаваме одлични капацитети за обука и развој.

 

За подетални информации, Ве молиме контактирајте нè на +389 2 3091 931 или на info@iege.edu.mk