Вести

Новости и настани

Обука за Геодупчач за изработка на Истражни, Хидрогеолошки, Геотехнички и Инекциони дупнатини

Приватно научната установа Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика во соработка со Градежен институт Македонија - ГИМ ја објавуваат обуката за Геодупчач за изработка на Истражни, Хидрогеолошки, Геотехнички и Инекциони дупнатини на невработени.

Се повикуваат лица:
- на возраст до 40 години
- со завршено најмалку средно стручно (пожелно геолошко-рударска, металуршка или градежна струка) и гимназиско образование
- психоспособни за обавување на работи и работни задачи од категорија на среден ризик
- со поседување возачка дозвола Б категорија, активен возач
- со основно познавање на англиски и српски јазик
- со желба за работа на терен и работа во странство
Кои се заинтересирани за стекнување на знаења и вештини за геодупчач (дефицитарни кадри во РМ) да се пријават на обуката.

Цели на обуката:
Со оваа обука заинтересираните лица ќе се стекнат со вештини и знаења за ракување со дупчачка гарнитура и со целиот процес на дупчење, поправка и нивни карактеристики при дупчење, како и препознавање на разни видови дупнатини, контролирање на мерни инструменти, прилагодување на режим на дупчење во согласност со геотехничките карактеристики на карпите низ кои минуваат дупнатини и др. односно се во согласност со Програмата за обука на геодупчачи.

Методологија на работа:
Обуката ќе се реализира во Скопје со комбинација од теренска обука и настава во училница во период од 6 месеци, организирана на следниот начин
- Теорија 86 часа
- Пракса 173 часа и
- Оценување 29 часа

Обуката ќе се реализира согласно Програмата за обука верифицирана од страна на Министерство за образование и наука со решение УПЛ бр. 12-989 од 13.07.2017 година, а лицата кои редовно ја посетувале обуката ќе добијат Сертификат за завршена обука.

Очекувани резултати на програмата се:
- анализираат, планираат и организираат работата
- прават подготовки на работното место (на теренот, машините и алатите)
- изработуваат истражни дупнатини, хидрогеолошки дупнатини и бунари, геотехнички дупнатини и инекциони дупнатини
- извршуваат административни работи
- обезбедуваат квалитет во работењето
- ги одржуваат машините и алатите за работа
- комуницираат со соработниците и ја заштитуваат работната и животната средина

Обуката е бесплатна.

На најдобрите учесници на обуката им се нуди можност за вработување во Градежен Институт Македонија.

Лицата кои се заинтересирани за учество во обуката можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации на следниот телефонски број 30 91 931 , на електронската адреса info@iege.edu.mk или директно во просториите на ПНУ Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика на ул. Дрезденска бр. 52 општина Карпош, Скопје.

Апликациите со CV, диплома, копија од возачка дозвола и други потврди и сертификати може да се достават дирекно во просториите на ПНУ ИЕГЕ или на електронска пошта на следната адреса info@iege.edu.mk.


Официјално промовирана првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија

Институтот за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ вчера официјално ја промовираше првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија - МИМ.

Настанот се одржа во Хотелот Александар Палас, каде беа присутни гости од бизнис секторот, членови на Стопанската Комора и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, партнери и соработници од Европа, како и првата генерација на избрани 20 кандидати кои се дел од школата.

Менаџерската школа за инженери се однесува на професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини и е специјално креирана согласно потребите кои ги имаат денешните инженери кои сакаат своето постојно искуство да го надградат со фокусирано знаење кое има значајно влијание во нивната идна кариера.


Втор проектен состанок за проектот MLS4 Eng

На 7ми Јуни во Грац, Австрија се одржа вториот проектен состанок за проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини.


Прва и единствена менаџерска школа за инженери во Македонија

Институтот за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ оваа година ја основа првата Менаџерска школа за инженери во Македонија – МММ. Оваа школа ќе биде единствена од ваков тип не само во Македонија туку и во регионот, со оглед на тоа што опфаќа специфична целна публика – инженери од сите области кои имаат потенцијал и јасна визија да се насочат кон менаџерски и лидерски позиции.
Менаџерската школа ќе започне во септември 2016 година, каде 20 инженери ќе добијат можност бесплатно да бидат дел од првата група на инженери кои ќе се стекнат со знаење за менаџмент во инженерството и лидерски вештини.

За подетални информации кликнете на следниов линк


Mеѓународната Hаучна Kонференција ГРЕДИТ 2016

Тим на инженери од Градежен Институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништвото и енергетиката зема учество на меѓународната научна конференција „ГРЕДИТ 2016 - Зелен развој, инфраструктура и технологија“ којашто се одржа од 31.03 до 01.04.2016 во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет. На оваа научна конференција учествуваа признати професори и научници од земјава и од странство, со свои трудови од областа на заштитата на воздухот, водата и почвата од загадување, проценка на ризици, обновливи извори на енергија, земјоделство и квалитет на храната, менаџмент на урбан и индустриски отпад, климатски промени и биодиверзитет, зелени градови, јавно здравје и други теми од областа на заштитата на животната средина. Меѓу дел од наградените трудови се најде и трудот изработен од тимот на ГИМ и ИЕГЕ на тема „Емисија на суспендирани честички ПМ10 во три македонски града и нивното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето“. Трудот освои 2-ро место за постер презентација од вкупно 143.


Одржана работилница за Развој на наставна програма за професионални курсеви

Од 7 до 11 Март во Грац, Австрија беше одржана работилница за Развој на наставна програма за професионални курсеви. Работилницата е дел од проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини финансиран од ЕУ програмата Еразмус + .


Учество на симпозиум “Evaluating the Sustainable Development Goals – New Challenges for Research Policy and Business”

Учество на симпозиум “Evaluating the Sustainable Development Goals – New Challenges for Research Policy and Business”. Настанот беше организиран како форум за дискусија за импликациите на SDGs за оценка на влијанието врз политиките, програмите и проектите во рамки на секторите. Настанот се одржа во Виена, Австрија.


Учество на регионална конференција REDETE

Учество на регионалната конференција REDETE - Researching Economic Development and Entrepreneurship in Transition Economies. На конференцијата ИЕГЕ го презентираше својот труд на тема - Enhancing Competitiveness Trough Collaborative Innovation Partnership - Case study of Macedonian Company. Конференцијата се одржа во Грац, Австрија.


Се одржа првиот работен состанок за проектот Професионални курсеви за развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженери финансиран од ЕУ програмата Еразмус +

На 29ти Септември во просториите на ИЕГЕ Институтот се одржа првиот работен состанок за проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини. Проектот е финансиран од ЕУ програмата Еразмус + за градење Стратешки партнерства во областа на образование на возрасни. Партнери во проектот се: Civil Engineering Institute Macedonia, World University Service – Osterreichisches Komitee Verein, Perfect Project Spolka z ograniczona odopowiedzialnoscia, Bit management Beratungs GesmbH


Учество на саем за чиста енергија како дел од ЕУ неделата за одржлива енергија

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ и Градежен Инстиут Македонија учествуваа на Саемот за чиста енергија кој се одржа во ЕУ Инфо центарот на 16-17 Јули. На саемот беа претставени можностите за практиканство и професионален развој на сите учесници.


Три договори со Министерство за животна средина и просторно планирање за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита на животната средина

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање министерот Нурхан Изаири потпиша 3 договори за истражувачки проекти со Институтот ИЕГЕ. Проектите се однесуваат на истражувања: 1. Влијанието на климатските промени врз природното и културно наследство во Охрид и Охридско 2. Изработка на студија за мерење и хемиска анализа на суспендирани честички ПМ10 во три града во Р.Македонија - Тетово, Кичево и Скопје 3. Развивање на интегрален модел на економска и еколошка евалуација на проектите за вештачки акумулации


Меморандум за соработка со Економски факултет Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј"

ИЕГЕ потпиша меморандум за соработка со Економски факултет ,,Св. Кирил и Методиј", за изработка на истражувачки трудови, анализи и учество во заеднички проекти.


Соработка помеѓу ИЕГЕ, ГИМ и Градежен Факултет

На 24 Декември 2014, потпишан е договор помеѓу ИЕГЕ, ГИМ и Градежниот Факултет. Целта на овој договор е да се нагласат заедничките активности кои ќе се реализираат со цел да се пополни празнината која постои помеѓу бизнис секторот и академскиот свет, и со тоа да се зацврстат капацитетите на младите професионалци. Некои од овие активности ќе вклучуваат тренинг програми за животно учење, заеднички проекти и настани, пракси, консултантски услуги и едукација.


Новогодишна прослава за децата на вработените од ГИМ и ИЕГЕ

На 20 декември 2014 година бевме домаќини на новогодишна прослава за децата на вработените на ГИМ и ИЕГЕ, сакајќи да ја изразиме нашата благодарност за нивната поддршка која придонесува кон успехот на нашите организации. Децата имаа забавен ден, кој беше исполнет со многу креативност, музика, смеа и радост. Тие имаа можност да креираат новогодишни украси и честитки, а магионичарот ги развесели со неговите магични трикови. На крајот од забавата, сите дечиња добија новогодишно пакетче полно со слатки изненадувања, кои без сомнение беа отворени веднаш :)


Саем за вработување 2014

Нашите три организации (ГИМ, ИЕГЕ и Фабрика Карпош) имаа прилика да ги претстават своите активности на Саемот за вработување кој се одржа на 14 октомври 2014 година. Посетителите на саемот добија информации за профилот на кандидати кои ни се потребни, како и за начинот на аплицирање за практикантската програма и отворените работни позиции.


Истражување: Одржлив развој во македонските организации

Тековна активност на ИЕГЕ е истражувањето од областа на Одржлив развој на македонските организации. Истражувањето ќе биде реализирано во текот на наредните неколку недели и ги поттикнуваме македонските организации да учествуваат во истото. За повеќе информации контактирајте не на institut@gim.com


Учество на менаџментот на ГИМ на Adizes курсот

Нашиот врвен и среден менаџмент беа дел од Adizes тренинг и развој курсот од 14 Април до 14 Јули 2014. Курсот беше организиран од страна на менаџерот за човечки ресурси и дизајниран така да им помогне на нашите лидери да ја подобрат нивната способност за градење и менаџирање тимови и им овозможи пристап до совети за избирање членови на тим и создавање на атмосфера во која сите можат да растат и да се развиваат.