Научен комитет

Научен Совет

Научниот совет е одговорен за креирање и предлагање на годишна програма за истражување и образование, програма за работа, како и за мониторинг на имплементацијата на одобрените активности. Советот, исто така, го советува и му помага на Управниот одбор и Директорот во поставувањето на долгорочна стратегија за истражувања и образование на Институтот.

Улогата на Научниот совет е:
•    Советување на Управниот одбор во формулирањето и развој на долгорочна стратегија за истражување и образование;
•    Развивање на нови предлози за истражувања и други идеи за идни активности;
•    Преглед на научни трудови (според договорените критериуми) за презентација на конференции и работилници;
•    Придонес кон збогатување на научните и образовните содржини на интернет страната на Институтот;
•    Развивање и имплементација на едукативни програми во Институтот; и
•    Пружање на консултантски услуги.
 

Членовите на Советот се истакнати професионалци со признаен квалитет, компетенции во повеќе различни дисциплини и релевантно работно искуство. Експертизата на Советот ги опфаќа сите научни области на делување на Институтот.

Членови на Совет се:
 

Славица Трајковска

магистер по Меѓународен менаџмент

               

Ангелина Танева-Вешоска    

д-р по менаџмент

Елена Думова-Јованоска

д-р во градежништвото

 

Билјана Пулеска

д-р по меѓународно право

 

Снежана Костадиноска-Милошевска

д-р по економија

Влатко Чингоски        

д-р по инженерство (електротехника)