Национални проекти

Национални проекти

ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (ЛЕАП) НА ОПШТИНА КАРПОШ

Институции - ГИМ, ИЕГЕ,МАНЕКО Солушнс
Научна област – заштита на животна средина

Локалниот еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) претставува највисок локален стратешки документ за заштита, планирање и управување со животната средина. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Карпош.


ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (ЛЕАП) НА ОПШТИНА БИТОЛА

Институции - ГИМ, МАНЕКО Солушнс
Научна област – заштита на животна средина

Локалниот еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) претставува највисок локален стратешки документ за заштита, планирање и управување со животната средина. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Битола.


ЛОКАЛЕН ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН (ЛЕАП) НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Институции - ГИМ, ИЕГЕ
Научна област – заштита на животна средина

Локалниот еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) претставува највисок локален стратешки документ за заштита, планирање и управување со животната средина. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Аеродром.


МОДЕЛ ЗА ДИСПЕРЗИЈА НА БУЧАВА НА ПОЕДНИЧНИ ДЕЛОВИ НА АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД И ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ (ВИСИНА И ДОЛЖИНА) НА ЗВУЧНИ БАРИЕРИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА БУЧАВА

Институции - ГИМ, ИЕГЕ
Научна област – проектирање во животна средина

Основни цели на проектот се: Изработка на модел на дисперзија на бучава покрај автопатот Кичево-Охрид, врз основа на податоците за долгорочен прогнозиран годишен дневен сообраќај (проток на возила) во текот на денот и ноќта на поедини делници на автопатот; Димензионирање, дефинирање на висина и должина на звучни бариери на пооделни делови од автопатот за намалување на нивото на бучава кај приемниците; Изработка на модел на дисперзија на бучава покрај автопатот по поставување на звучните бариери.


СТУДИЈА ЗА МЕРЕЊЕ И ХЕМИСКА АНАЛИЗА НА СУСПЕНДИРАНИ ЧЕСТИЧКИ РМ10 ВО ТРИ ГРАДА ВО Р.МАКЕДОНИЈА- ТЕТОВО, КИЧЕВО И СКОПЈЕ

Институции - ИЕГЕ
Научна област –заштита на животна средина

Целта на оваа студија е да се оцени концентрацијата на суспендирана прашина со големина на аеродинамичен дијаметар до 10 микрометри, односно РМ10 во три урбани средини, Тетово, Кичево и Скопје. Определувањето на концентрација на РМ10 честички беше извршено со 24 часовно земање на примерок со нисковолуменски инструмент за земање на примероци Comde Derenda (во сопственост на ГИМ ) и со гравиметриско определување. Додека хемиската анализа на РМ10 беше определена со Иnductively Coupled Plasma Mass Spectrometry or ICP-MS метода. Истовремено беа следени метереолошките параметри во краток временски период и врз основа на податоците беше направена корелација , анализа и споредба на загадувањето на воздухот во поединечните градови.


СТУДИЈА ЗА ИСТРАЖУВАЊА НА РАНЛИВИ ТАКСОНОМСКИ ГРУПИ ОД ФАУНАТА (ПТИЦИ и ЛИЛЈАЦИ) ДОЛЖ 400 KV ДВ ТС БИТОЛА 2 – ГРАНИЦА СО АЛБАНИЈА и ТС ОХРИД

Институции - ГИМ, ИЕГЕ
Научна област – екологија

Целта на оваа Студијата е да ги процени и евалуира ранливите таксономски групи на фауната (птици и лилјаци) долж предвидениот коридорот на далноводот за да се утврди дали е потребна модификација на коридорот. Студијата за проценка на птици и лилјаци е пред да се изгради далноводот е предложена според ЕBRD ESP PR6 (Зачувување на биодиверзитетот и одржливо управување со природните ресурси) кои го финансираат овој проект.
Беа извршени 4 сезонски теренски набљудувања на хоризонталната и вертикална распределба на птиците и лилјаците долж коридорот на далеководот. Посебен акцент беше даден на видовите птици наброени во Прилог I од ЕУ Директивата 2009/147/EК; IUCN глобално загрозени видови; видови кои се цел на истражување на локации означени како важни области за птици; преселни видови птици; видови птици од подрачјето кои се изложени на висок ризик од струен удар и судир.
Во однос на лилјаците беа извршени набљудувања на присуството на видови лилјаци; летни засолништа,презимувачки и мајчински колонии во согласност со Водичот за следење и мониторинг на европските лилјаци од ЕUROBATS, со посебно внимание на видовите наведени во Прилог II од ЕУ Директивата 92/43/ЕЕЗ; видови наведени на црвената листа на IUCN глобално загрозени видови, преселни видови и зимски и мајчински колонии кои се наоѓаат во засолништата долж трасата на далеководот.
Спроведените истражувања утврдија дека нема потреба од модификација на коридорот на далноводот , но потреба од воведување мерки за намалување на влијанијата врз птиците (поставување на дивертери за птици, на одредени секции по должина на далноводот, како и гнездечки кутии како компезаторска мерка за изгубените гнезда на ветрушките поради изградба на далноводот).Исто така беше предложена програма за мониторинг на судирите на птиците би продолжила на идентификуваните критични делници од коридорот на далекуводот, на сезонска основа во првите три години почнувајќи од оперативната фаза на проектот.


ВЛИЈАНИЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВРЗ ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИД И ОХРИДСКО

Институции - ИЕГЕ
Научна област –заштита на животна средина

Целта на овој проект е да се оцени влијанието на климатските промени врз природното и културното наследство во Охрид и Охридско. Врз основа на сите податоците од природното и културното наследство, набавени од претходни истражувања и анализи, но и од теренски активности, направена е база на податоци за природно и културно наследство во Охрид и Охридско. Истовремено истражени се климатските промени и притоа насочено е вниманието кон нивното влијание врз природното и културно наследство. Врз основа на анализата на овие податоци направена е анализа на процена на ранливост, анализа на заштита и мерки, како и заклучок и препораки за во иднина.
Оваа студија се спроведува во рамките на Програмата за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата. Истата е фининсиски подржана од Министерство за животна средина и просторно планирање.


СТУДИЈА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКИОТ КАПАЦИТЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Институции - ГИМ, ИЕГЕ
Научна област – екологија

Целта оваа студија беше да да се процени еколошкиот отпечаток на жителите на град Скопје во однос на расположливоста на природните ресурси. Како што нашата популација расте, потрошувачка се зголемува, при што од суштинско значење е да го измериме капацитетот на природата за да се исполнат овие барања. Еколошкиот отпечаток (ЕО) се наметнува како една од водечките мерки за пресметување на човековата побарувачка од природата. Тоа е метрички управуван податок која ни кажува колку одржливо живееме. Еколошкиот отпечаток се мери како природна област или износот на природниот капитал кој се консумира секоја година или хектари површина кои му се потребни на сите жители, вклучувајќи ја и природната област потребна за да го асимилираа произведениот отпад и да го филтрира јаглерод диоксидот


МОНИТОРИНГ НА ВИДОВИТЕ ПТИЦИ И НИВНИТЕ ПОПУЛАЦИИ КАКО И КОРИДОРОТ НА МИГРАТОРНИТЕ ПАТИШТА НА ПТИЦИТЕ ДОЛЖ 2 X 110 KV ДВ ТС БИТОЛА 3 – ТС БИТОЛА 4

Институции - ГИМ, ИЕГЕ
Научна област – екологија

За потребите на научно-истражувачкиот проект направена е анализата на состојбата на видовите птици и нивните популации, како и коридорот на миграторните патишта, по дожината на далекуводот 2 x 110 kV ДВ ТС Битола 3 – ТС Битола. Мониторинг беше во траење од 12 месеци и до МЕПСО беа доставени 4 сезонски извештаи и финален едногодишен извештај. Со спроведените истражувања се утврди потребата од воведување дополнителни мерки за намалување на влијанијата врз птиците (поставување на дивертери за птици, на одредени секции по должина на далекуводот, како и гнездечки кутии како компезаторска мерка за изгубените гнезда на ветрушките поради изградба на далноводот).
Финалниот едногодишен извештај е доставен до АД МЕПСО, МЖСПП и Светска Банка.


Градежен институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништво и енергетика Скопје и Енвиро ресурси ДОО од Скопје потпишаа договор со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Градежен институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништво и енергетика Скопје и Енвиро ресурси ДОО од Скопје потпишаа договор со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за проектот - Интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион.


Интерациона анализа на однесување на слабо носива темелна подлога зајакната со геосинтетици

Институции - Градежен факултет, УКИМ, ГИМ, ИЕГЕ
Научна област - Градежништво, геотехника

Во рамки на овој научно-истражувачкиот проект се направени тероретски, експериментални и нумерички испитувања врз природните материјали кои ќе се подобруваат, испитување и примена на различни материјали кои се користат за зајакнување, и нивни практични аспекти и специфики. Влијанието на параметрите е анализирано низ итерациони шеми на влијателните параметри.


Поврат на инвестиција од вложување во наука и човечки капитал

Институции - ГИМ, ИЕГЕ
Научна област - Економски науки, Организациски науки

Предмет на ова истражување е повратот на инвестиции во наука и човечки капитал во Градежниот Институт Макеоднија – ГИМ. Од посебен интерес е и улогата на знаењето и човечкиот капитал како фактори за раст и обезбедување на дологорочен одржлив економски развој на ГИМ. Заклучоците и препораките од овие анализи, како и мерните инструменти, ќе може да се применуваат и понатаму во други организации во насока на поттикнување на нивниот развој и успешно работење.


Одржлив развој во организациите во балканските земји

Институции - ИЕГЕ, Економски факултет, УКИМ
Научна област - Организациски науки, Економски науки, Наука за одржливост

Предмет на ова истражување е сегашната состојба во водечките организации во балканските земји и нивната севесност за одржливост. Од посебен интерес се одржливите решенија и активности кои се преземаат во овие организации и нивното интегрирање во стратегијата на организацијата.


Лидерство за одржлив развој

Институции - ИЕГЕ, Економски факултет, УКИМ
Научна област - Организациски науки, Наука за одржливост

Основна цел на овој научно-истражувачки проект е да се направи анализа на стилот на лидерство во македонските организации и нивната свесност за одржливоста, преземените одржливи решенија и активности. Исто така, ќе се анализира поврзаноста на одржливиот развој и процесот на донесување одлуки во градење на одржливи бизнис системи, алатки и инструменти кои се користат, како и проценка на ризиците, можностите и обврските на овие организаци во однос на одржливиот развој од економски, социјален и аспект на животната средина.


Проектна брзина на ветерот во Република Македонија и нејзиното влијание при димензионирање на градежни конструкции

Институции - ИЕГЕ, Градежен факултет, УКИМ
Научна област - Градежништво

Предмет на ова истражување е да се одреди проектната брзина на ветерот во Република Македонија како основен податок потребен при одредување на оптоварувањето од ветар врз градежните контрукции според Европскиот пропис EN 1991-1-4, да се одреди нејзината доверливост и влијание при димензионирање на градежни контрукции според идните прописи за градежни контрукции. Ќе бидат проучени расположливите хидро-метеоролошки податоци за Р. Македонија, орографијата на теренот, изгледот и употребата на земјиштето околу мерните места, како и методите за анализа на екстремни вредности.


Влијание на адитиви врз цементни малтери и бетони

Институции - ИЕГЕ, Градежен факултет, УКИМ, ДОО Јадро Инженеринг
Научна област - Градежништво, Технологија на бетон

Целта на научно-истражувачкиот проект е да се одреди влијанието на адитивите, со посебен фокус на адитивите кои формираат кристална структура врз физико-механичките и хемиските својства на цементните малтери и бетони. Пробните тела кои се испитуваат ќе се изработат од различни типови цемент, кои се најзастапени на македонскиот пазар и истите ќе бидат комбинирани со различно количинско учество на адитиви


Примена на отпадно стакло како агрегат во бетон

Институции - ИЕГЕ, Градежен факултет, УКИМ
Научна област - Градежништво

Целта на научно-истражувачкиот проект е да се испита влијанието од употребата на лесно достапно локално амбалажно стакло како агрегат во бетон, врз неговите физички и механички својства. Се испитува свежата бетонска мешавина и стврднатиот бетон. Докажувањето на физичко-механичките својства на бетонот, кој во себе содржи варијабилно количество на отпадно стакло како агрегат, овозможува примена на овој материјал за изработка на еколошки материјал со одржливо значење.