Настани

Новости и настани

Oбука за геодупчач за изработка на истражни, хидрогеолошки, геотехнички и инекциони дупнатини

обука геодупчачи (0)

Приватно научната установа Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика во соработка со Градежен институт Македонија - ГИМ ја објавуваат обуката за Геодупчач за изработка на Истражни, Хидрогеолошки, Геотехнички и Инекциони дупнатини на невработени.

Се повикуваат лица:
- на возраст до 40 години
- со завршено најмалку средно стручно (пожелно геолошко-рударска, металуршка или градежна струка) и гимназиско образование
- психоспособни за обавување на работи и работни задачи од категорија на среден ризик
- со поседување возачка дозвола Б категорија, активен возач
- со основно познавање на англиски и српски јазик
- со желба за работа на терен и работа во странство
Кои се заинтересирани за стекнување на знаења и вештини за геодупчач (дефицитарни кадри во РМ) да се пријават на обуката.

Цели на обуката:
Со оваа обука заинтересираните лица ќе се стекнат со вештини и знаења за ракување со дупчачка гарнитура и со целиот процес на дупчење, поправка и нивни карактеристики при дупчење, како и препознавање на разни видови дупнатини, контролирање на мерни инструменти, прилагодување на режим на дупчење во согласност со геотехничките карактеристики на карпите низ кои минуваат дупнатини и др. односно се во согласност со Програмата за обука на геодупчачи.

Методологија на работа:
Обуката ќе се реализира во Скопје со комбинација од теренска обука и настава во училница во период од 6 месеци, организирана на следниот начин
- Теорија 86 часа
- Пракса 173 часа и
- Оценување 29 часа

Обуката ќе се реализира согласно Програмата за обука верифицирана од страна на Министерство за образование и наука со решение УПЛ бр. 12-989 од 13.07.2017 година, а лицата кои редовно ја посетувале обуката ќе добијат Сертификат за завршена обука.

Очекувани резултати на програмата се:
- анализираат, планираат и организираат работата
- прават подготовки на работното место (на теренот, машините и алатите)
- изработуваат истражни дупнатини, хидрогеолошки дупнатини и бунари, геотехнички дупнатини и инекциони дупнатини
- извршуваат административни работи
- обезбедуваат квалитет во работењето
- ги одржуваат машините и алатите за работа
- комуницираат со соработниците и ја заштитуваат работната и животната средина

Обуката е бесплатна.

На најдобрите учесници на обуката им се нуди можност за вработување во Градежен Институт Македонија.

Лицата кои се заинтересирани за учество во обуката можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации на следниот телефонски број 30 91 931 , на електронската адреса info@iege.edu.mk или директно во просториите на ПНУ Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика на ул. Дрезденска бр. 52 општина Карпош, Скопје.

Апликациите со CV, диплома, копија од возачка дозвола и други потврди и сертификати може да се достават дирекно во просториите на ПНУ ИЕГЕ или на електронска пошта на следната адреса info@iege.edu.mk.

Настани