Консултантство

Консултантство

Во ИЕГЕ располагаме со вештини и експертиза потребни да се разберат и развијат луѓето и организациите.Работиме со претпријатија од сите големини за да се создаде вредност во рамките на нивните индустриски сектори, преку истовремено оптимизирање на нивните перформанси и помагајќи им да ги постигнат своите цели.

Ние овозможуваме трансфер на нови идеи и пристапи развиени од страна на научно-истражувачкиот совет и консултантите преку нашите образовни програми и консултантски услуги.

Нашите консултанти, исто така, може да им помогнат на јавните институции во развојот на можностите на трите клучни индустриски сектори: животната средина, градежништво и енергетика.  Создаваме услови кои ќе ги претворат новите идеи во растечки индустрии и развиваме стратегии, политики и капацитети за да се постигне одржлив раст.

 

Веруваме дека работното искуство со нас ќе ви биде позитивно без разлика дали сте индивидуа, мало или средно претпријатија или работите во рамките на јавниот сектор. Фокусирани сме на вашите барања и соодветно ќе ги адаптираме нашите услуги на вашите потреби. Со споделување на најдобрите практики и истражувања, обезбедување на менторство, обука и поддршка, ќе ù помогнеме вашата организација да го постигне својот полн потенцијал.

 

За повеќе информации во врска со нашите консултантски услуги, ве молиме контактирајте нè на +389 2 3091 931 илиinfo@iege.edu.mk.