Индустриски докторати

Индустриски докторати

Врвните истражувања и талентирани истражувачи се двигатели на секој национален систем на иновации. Побарувачката за истражувачи докторанди расте значително во текот на последните години, а се очекува да продолжи да расте, особено во областа на животната средина, градежништвото и енергетиката.
Програмата за индустриски докторати поттикнува интерес и потреба кај претпријатијата, универзитетите и истражувачите/дипломираните студенти. Во суштина, таа е комбинација на докторски студии и бизнис искуство, насочена да генерира иновации кои создаваат додадена вредност и високо ниво на корисност и задоволство.

ИЕГЕ сака да создаде продлабочена врска помеѓу претпријатијата и универзитетите и да обезбеди истражувачите докторанди да се здобијат со простор за истражување, нови знаења, методи на работа, лични контакти и способност за решавање на комплексни проблеми.

Карактеристики на програмата

  • Истражувањето е спроведено во индустријата и фокусот е насочен кон реални индустриски и бизнис прашања и проблеми.
  • Заедничка супервизија и менторство спроведено од страна на експерти од претпријатијата и универзитетите.
  • Истражувачите докторанди се здобиваат со диплома од универзитетите во потесното подрачје на иновативното истражување.
  • Претпријатијата имаат корист од добивање пристап до нови, иновативни и вредни знаења и резултати добиени од страна на истражувачите докторанди за време на нивните студии.
  • Универзитетите добиваат пристап до нови знаења и иновации обезбедени од страна на претпријатието.

Начин на аплицирање
Ако сте претставник на претпријатие, универзитет или докторанд истражувач/студент и сакате да разговарате со ИЕГЕ за тоа како можете да воспоставите мрежа со вистинските луѓе за програмите за индустриски докторати и да дискутирате за потенцијални теми за дисертација, можете да нè контактирате на +389 2 3091 931 или на info@iege.edu.mk