Акредитиранa лабораторија

Акредитирана лабораторија

Во ИЕГЕ, се користи лабораторијата од нашата подружница - Градежен институт Македонија -ГИМ, кој располага со технички најнапредни и акредитирани лаборатории во Република Македонија.

ГИМ поседува речиси 40 годишно искуство во лабораториско работење и 39 професионалци, кои ги испитуваат, оценуваат и следат проектите во нивните лаборатории во зградaта на ГИМ, како и во рамки на теренските лаборатории.

Постојат над 160 лабараториски апарати наменети за геомеханички , хемиски и лабаратории за градежни материјали, сите акредитирани со ISO 17025 стандард. Оваа акредитација ги вклучува следниве методи:

  • 46 акредитирани методи за AБК секторот, кој вклучува асфалт, бетон, челик, и конструкции;
  • 27 акредитирани методи за асфалти, геомеханика и изолација - (АГИ) сектор; и
  • 21 метода за агрегати, камен и керамика - (AKK) сектор.

Нашите чести внатрешни и надворешни контроли се гаранција за нашите клиенти и партнери дека ќе добијат конзистентни и сигурни лабораториски резултати. Ако сакате да добиете повеќе информации за нашите акредитирани лаборатории или да ги побарате нивните услуги, ве молиме контактирајте нè на +389 2 30 66 821 или на gim_laboratorija@gim.com.mk