Visegrad TREASURE

 Вреднувајте ја „зелената страна“ на животот и пријавете се на работилници за одржлива потрошувачка и рециклирање

 

Приватно научниот институт ИЕГЕ објавува повик за учество во работилници за европскиот проект – Работилници и креативни акции кон одржливи практики (TREASURE).

Институтот ИЕГЕ има 20 (дваесет) отворени места за ученици од 13-18 годишна возраст од основни и средни училишта од Тетово, Неготино и Скопје.

Еден од најважните приоритети на проектот е развивање на вештини за креирање одржливи практики, поттикнување на тимско работење и решавање на комплексни проблеми.

Учениците  ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од меѓународни тренери со примена на иновативни практики и современи алатки.

Учениците ќе работат тимски и ќе развиваат идеи за создавање здрава иднина за нашата земја со одржлив начин на живот, зелени вештини и стратегии кои се одразуваат на економијата, општеството и животната средина.

Учеството во проектот ќе се одвива во 3 фази:

– Една работилница за запознавање со темата и генерирање на почетни идеи за предлог проекти (22-23 Април)

– Една работилница за планирање на предлог проекти – акции (Септември)

– Реализирање на акциите (Октомври)

Првата работилница ќе се одржи на 22-23 Април од 8 до 16 часот.

Најдобрите 3 идеи ќе бидат реализирани и финансирани во износ од 500 евра.

Програмата ќе се спроведува на англиски јазик.

Критериуми за учество во програмата се:
– Учесниците да се помеѓу 13-18 годишна возраст
– Учесниците треба да се редовно запишани во основно или средно училиште во Неготино, Тетово или Скопје
– Солидно познавање и говорење на англиски јазик
– Отворена, комуникативна и креативна личност

Доколку сакате да бидете дел од работилницата, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија и мотивационо писмо во електронска форма на ana.tomik@iege.edu.mk со назнака Апликација за работилница TREASURE најдоцна до 17 април 2018 година.

Програмата ќе ја имплементираат домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од следниве институции:

– Приватно научен Институт ИЕГЕ од Македонија,

– Czech Environmental Partnership Foundation од Чешка,

– Hungarian Environmental Partnership Foundation од Унгарија,

– Perfect Project од Полска,

– SYTEV од Словачка.

Проектот е финансиран од International Visegrad Fund.

Повеќе информации за проектот може да добиете на: www.iege.edu.mk/index.php/en/treasure/