Новости и настани

Новости и настани

Прв проектен состанок - RESONATE

На 5ти ноември се одржа првиот проектен состанок на проектот RESONATE.

Целта на проектот RESONATE е да обезбеди сеопфатно инженерско знаење и развој на научни, комуникациски вештини и вештини за решавање на проблеми преку комбинација на практични курсеви, индустриски проекти и теоретски основи. Координатор на проектот е Градежен институт МАКЕДОНИЈА, АД Скопје.

Партнери на проектот се

- Institute for Research in Environment, Civil Engineering and Energy,
- Universidade De Lisboa,
- Univerzitet u Beogradu and
- Universidad Internacional de la Rioja Sa.

Последен настан - culTher

На 22 Октомври ИЕГЕ го одржа третиот настан во рамките на проектот "Професионални курсеви за презервација и конзервација на недвижно културно наследство од климатски влијанија -CULTHER."

Настанот насловен "Меѓународна конференција за постигнати резултати и научени лекции", се одржа во Скопје, С.Македонија.
На настанот ИЕГЕ го претстави прирачникот за квалитет, прирачникот за курсевите, брошура со постигнати резултати и план за одржливост на професионалните курсеви.

Исто така за време на настанот, повеќе национални и интернационални учесници зедоа учество и ги презентираа своите трудови и презентации, кои се однесуваа на одржливо културно наследство во С.Македонија.

ИЕГЕ објави дека во 2020 година ќе има отворен повик за 20 нови заинтересирани учесници кои сакаат да ги подобрат своите знаења и да бидат дел од оваа единстевна европска програма.

70 годишен јубилеј - Градежен факултет Скопје

Градежниот факултет Скопје, по повод својот 70 годишен јубилеј, додели плакети како знак на благодарност за долгогодишната успешна соработка со неколку факултети, институции и фирми меѓу кои и Институт за истражување во животна средина, енергетика и градежништво.

Обој ме зелено - TREASURE

Тимот  Color me green се состана за да ги одбере цртежите кои ќе бидат дел од боенката „Обој ме зелено“. ♻️🌱🌍

Оваа иницијатива освои второ место на конкурсот на проектот TREASURE, воден од Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика.

Целта на проектот TREASURE е да влијае врз создавањето на здрава иднина за нашата земја со одржлив начин на живот, зелени вештини и стратегии кои се одразуваат на економијата, општеството и животната средина.

Еден од најважните приоритети на проектот е развивање на вештини за креирање одржливи практики, поттикнување на тимско работење и решавање на комплексни проблеми.

Проектот TREASURE е финансиран од International Visegrad Fund. За повеќе информации, посетете: http://www.iege.edu.mk/index.php/en/treasure/.

Одржана работилница како дел од прокетот BIMcert

ИЕГЕ организираше работилница како дел од програмата BIMcert. На работилницата присуствуваа инженери и работници од “Фабрика Карпош”, Скопје, Северна Македонија.

Присутните беа запознаени со проектот BIMcert, а притоа беа презентирани две единици за учење кои се дел од пилот-пакетот материјали за обука BIMcert:
1. Принципи на BIM, јасно разбирање на контекстот и основните елементи на BIM
2. Дигитални вештини, употреба на дигитални алатки за анализирање и преглед на проектот на лице место.

Присутните изразија интерес за програмата, за обука и презентираните материјали, исто така покажаа подготвеност да учествуваат во проектните истражувања преку платформата за обука BIMcert.

Следете ги проектните активности на: https://energybimcert.eu/

http://fabrikakarpos.com.mk/

 

Трет проектен состанок - DiMenSion

На 26 септември 2019 година, ИЕГЕ го одржа третиот проектен состанок како дел проектот Еразмус + DiMenSion - Развој на маркетинг решенија за одржливи брендови. Средбата се одржа во просториите на ИЕГЕ и на неа учествуваа претставници на партнерските институции во проектот.

Последен настан - DiMenSion

Се одржа последниот настан дел од нашиот Еразмус + проект „Развој на маркетинг решенија за одржливи брендови - DiMenSion“.

На настанот се доделуваа сертификати за успешно завршување на меѓународната програма. Честитки до учесниците!

Објавен оглас во рамките на проектот RBMT за субгрантирање (16.09.2019)

Објавен оглас во рамките на проектот RBMT за субгрантирање (16.09.2019)

Симнете го повикот тука: http://www.iege.edu.mk/wp-content/uploads/2016/04/Guidelines_for_applicants_fin.pdf

Симнете го буџетот тука: http://www.iege.edu.mk/wp-content/uploads/2016/04/Budget_fin.xlsx

Симнете ги анексите тука: 

http://www.iege.edu.mk/wp-content/uploads/2016/04/Annex-A_Application_Form_fin.docx

http://www.iege.edu.mk/wp-content/uploads/2016/04/Annex-C_Logical-Framework_fin.docx

Трета работилница на проектот TREASURE

На 23 и 24 август се одржа третата работилница на проектот TREASURE. На работилницата учествуваа ученици од основни и средни училишта, како и професионалци кои заедно во меѓугенерациски групи работеа на креативни решенија за проблемите со животната средина во нивните локални заедници.

Презентација на постер на конференција во Хелсинки

ИЕГЕ го презентираше постерот на тема „Моделот КО-ИН како холистички пристап во соработката помеѓу универзитетите и индустријата“ на светски познатата конференција за интеракција меѓу универзитетот и индустријата, што се одржа во Хелсинки од 18 до 20 јуни. 

Над 500 учесници од 60 земји имаа можност да го видат успешниот пример на КО-ИН моделот  и да се запознаат со проектот All4R & D. Конференцијата им овозможува на учесниците да градат  претприемачки и ангажирани институции, да остваруваат повеќе стратешки партнерства со индустријата, да бидат поврзани со нивниот локален екосистем за претприемништво и иновации, како и да имаат корист од глобална мрежа на лидери, практичари и академици.

За да дознаете повеќе за конференцијата, посетете ја веб страната https://lnkd.in/d5nXqAG и погледнете ги фотографиите од конференцијата на https://lnkd.in/duWy6GM.

Средба помеѓу претставници на ИЕГЕ и претставници од Општина Охрид

На 24.07.2019 во просториите на Општина Охрид се одржа средба помеѓу претставници на ИЕГЕ и претставници од Општина Охрид. На средбата беа презентирани активностите и искуствата од имплементирањето на проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“, финансиран од Европската Унија, ИПА2 Програма за прекугранична соработка помеѓу С. Македонија и Албанија.

За време на средбата беа презентирани заклучоците од студијата за Одржлив туризам, како и студијата за Културно и природно наследство во прекуграничниот регион.

Претставниците од Општината изразија големо задоволство од одржаната средба и изразија понатамашна поддршка на проектот.

Анкета за нов Локален акционен план за заштита на животната средина

Градот Скопје изработува нов Локален акционен план за заштита на животната средина. Ова е веќе трет таков документ, кој претставува најсеопфатен приод кон состојбите и проблемите на животната средина во градот, како и кон насоките, мерките и активностите за нивно подобрување.

Јавното мислење е еден од основните показатели во процесот на дефинирање на проблемите и приоритетите во животната средина. За таа цел е изготвен анкетен прашалник, наменет за граѓаните на Град Скопје, заради добивање на потребните податоци, односно лични видувања за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, каде ги гледаат причините за тоа и кои се нивните приоритети за понатамошните активности на Градот Скопје. 

Анкетата можете да ја погледнете на следниов линк: https://forms.gle/NFWWFcZHi2AuiYiy8

Презентација на резултатите и искуствата од имплементација на проектот на настанот - Градење заедничка иднина

Презентација на резултатите и искуствата од имплементација на проектот “Воведување на паметен туризам и споделена економија” на настан кој се одржа на 10 јули 2019 година во Охрид.

Настанот насловен “Градење на заедничка иднина” беше организиран од 9 имплементирани проекти, корисници на програмата за прекуграничен развој С. Македонија - Албанија помогнати од ЕУ Делегациите во С. Македонија и Албанија.

Во рамки на настанот беше одржана панел дискусија, модерирана од страна на претставници на ИЕГЕ на тема “Одржлив туризам во прекуграничната област С. Македонија – Албанија”. 

Исто така претставници на ИЕГЕ учествуваа на саемот, на кој ги презентираа студиите изработени во рамки на проектот пред ЕУ амбасадорите од С. Македонија и Албанија.

Градење заедничка иднина – Creating a common future

Ве покануваме на 10 јули на целодневниот настан во Охрид во организација на девет проекти имплементирани од страна на 30 граѓански организации, корисници на грантови од Програмата за прекуграничен развој помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од страна на Европската Унија.

Стратегии за превентивна заштита од климатските промени - culTher

Шестиот курс - Стратегии за превентивна заштита од климатските промени се одржа од 27 мај до 01 јули 2019 година во просториите на ИЕГЕ со професорот Ralf Kilian од Fraunhofer, Германија.

Тој зборуваше за различни стратегии за превентивна конзервација, кои се користат и се дел од различни проекти што ги спроведува неговата институција.

Презентација на резултатите од проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“

На 10 Јуни се одржа средба помеѓу претставници на ИЕГЕ и Агенција за промоција и поддршка на туризам на С.Македонија, на која беа споделени искуствата од имплементирањето на проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“, финансиран од Европската Унија, ИПА2 Програма за прекугранична соработка помеѓу С. Македонија и Албанија.

За време на средбата беа презентирани резултатите и закучоците од студиите спроведени во рамки на проектот. Препораките од студијата за Одржлив туризам побуди посебен интерес.

Презентација на резултатите од проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“

На 10 Јуни се одржа средба помеѓу претставници на ИЕГЕ и Министерство за култура, на која беа споделени искуствата од имплементирањето на проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“, финансиран од Европската Унија, ИПА2 Програма за прекугранична соработка помеѓу С. Македонија и Албанија.

За време на средбата беа презентирани препораките од студијата за Одржлив туризам и студијата за Културно и природно наследство во прекуграничниот регион.

Исто така во рамки на средбата беа презентирани и резултатите и заклучоците од останатите студии, кои беа изработени во рамки на проектот.

Презентација на резултатите од проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“

На 07 Јуни се одржа средба помеѓу претставници на ИЕГЕ и Општина Вевчани, на која беа споделени искуствата од имплементирањето на проектот „Воведување на паметен туризам и споделена економија“, финансиран од Европската Унија, ИПА2 Програма за прекугранична соработка помеѓу С. Македонија и Албанија.

За време на средбата беа презентирани резултатите и закучоците од студиите спроведени во рамки на проектот. Препораките од студиите за Одржлив туризам и Соработка на заинтересираните страни и бенчмаркинг анализа во прекуграничниот регион, побудија посебен интерес.

Предизвици и трендови во маркетинг индустријата - DiMenSion

На наше големо задоволство, како гостин професор на последниот предмет - предизвици и трендови во маркетинг индустријата кој е дел од проектот DiMenSion, ја имавме професор Александра Србиновска-Дончевски.

Во текот на курсот, на одличен начин, преку забавни и практични примери и вежби, учесниците се стекнаа со комуникациски вештини кои можат да ги применат во секојдневниот живот.

Предизвици и трендови во маркетинг индустријата - DiMenSion

Шестиот курс – предизвици и трендови во маркетинг индустријата се одржа во просториите на ИЕГЕ со Maurilio Caracci, професор на Универзитетот во Палермо, одделот за култура и општество, и искусен професионален тренер во областа на маркетинг и деловна комуникација.

Влијанието на климатските промени врз културното наследство - culTher

Петтиот курс - Влијанието на климатските промени врз културното наследство се одржа од 31 мај до 02 јуни 2019 година во просториите на IECE со професорот Јохана Леиснер од Fraunhofer, Германија.

Таа дискутираше на тема Климатските промени и одржливоста како предизвик за културното наследство во Европа.

Работилница ,,Одржлив животен стил и заштита на животна средина"

На 28 и 29 мај 2019 год. се одржа работилница ,,Одржлив животен стил и заштита на животна средина" во соработка со меѓународни обучувачи од Ökotárs Alapítvány, како дел од проектот TREASURE.

Учесниците работеа во тимови и развиваа идеи за промовирање на одржливи практики кои ја вклучат локалната заедница и имаат позитивно влијание врз животната средина.

Проектот TREASURE е финансиран од International Visegrad Fund. 

Научна конференција - TU Chemnitz

Во 2018 година, како дел од третата работилница, претставници од секоја партнерска организација на Ерасмус+ проектот - DiMenSion присуствуваа на научната конференција #Events Research, во организација на маркетинг катедрата на TU Chemnitz.

Втор проектен состанок - DECOS

Вториот проектен состанок во рамките на Ерасмус + проектот „Развивање на еко вештини за зелена економија – DECOS” се одржа во Валкеакоски, Финска од 13-14 мај 2019 година.

Покрај преставници од ИЕГЕ на состанокот беа присутни претставници од:

- bit management GmbH од Австрија
- Valkeakosken Kaupunki од Финска,
- Папилот Завод Љубљана, од Словенија и
- Austromed Holding од Романија

Интелегентно лидерство на настани - DiMenSion

Вториот предмет - Интелегентно лидерство на настани, кој е дел од проектот DiMenSion се одржа во просториите на ИЕГЕ со Csaba Toth, основач на ICQ Global. Како дел од курсот, учесниците имаа ексклузивна можност да ги комплетираат мулти-наградуваните Global DISC и Intelligent Global Leadership модели.

Првата работилница и вториот проектен состанок на проектот All4R&D

Првата работилница и вториот проектен состанок, дел од проектот All4R&D се одржаа во Vaasan yliopisto од 13 мај до 16 мај 2019 година. На работилницата претставниците следните институции: Ruhr-Universität Bochum, Градежен Факултет, ИЕГЕ и Yrkeshögskolan Novia - Novia UAS  го презентираа системот за иновации кој го употребуваат во нивните земји. Учесниците имаа можност да ја посетат лабораторијата Technobothnia Laboratory and Muova / Vebic lab.

Вториот ден од работилницата партнерите од Ерменија и Босна и Херцеговина презентираа нови единици за истражување и развој што ќе се утврдат, како дел од проектот.

Третиот ден, учесниците успешно го одржаа вториот состанок на проектот и се договорија за следните фази на проектот.

Работилница за одржлива потрошувачка и рециклирање - TREASURE

На 22 и 23 април беше одржана работилница за одржлива потрошувачка и рециклирање, како дел од проектот TREASURE.

Учениците имаа можност да учествуваат во интерактивни часови предводени од меѓународни обучувачи од Nadace Partnerství и ИЕГЕ.

Студентите работеа во тимови и развија идеи за создавање здрава иднина за нашата земја со одржлив животен стил и стратегии кои влијаат врз економијата, општеството и животната средина.

Проектот TREASURE е финансиран од nternational Visegrad Fund.

Културното наследство како ресурс за развој - culTher

Четвртиот курс - Културното наследство како ресурс за развој се одржа од 02 мај до 06 мај 2019 година во просториите на ИЕГЕ со професорот Koenraad Van Balen од катедрата за градежништво на Catholic University Leuven.

Четврта работилница во рамките на проектот - DiMenSion

Одржавме одлична работилница на тема - иновативни пристапи и методи за учење и споделување на знаење за ROI во маркетинг и менаџмент на настани, во рамките на Erasmus + проектот “Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови – DiMenSion”.

Работилницата се одржа од 6 до 10 мај во CESIE, Палермо, Италија.

#IECE #DiMenSion #EventManagement

Саем за кариера

ИЕГЕ и ГИМ учествуваа на саемот за кариера, во организација на ФОН Универзитет каде остварија дирекна средба со студентите, институциите учесници на настанот и други заинтересирани страни.

На настанот беа презентирани потребите и видот на квалификации за слободни работни во нашите институции и беше направена регрутација на кадар за идни вработувања, пракси и обуки.

Одржливи брендови - DiMenSion

Четвртото предавање кое е дел од едукативната програма за стратешко управување со настани - Одржливи брендови, се одржа овој викенд во просториите на ИЕГЕ со Ангелина Танева-Вешоска од ИЕГЕ и Ежени Брзовска, вонреден професор на Економскиот факултет - Скопје, Универзитет "Св. Кирил и Методиј " преку активна групна работа.

Вреднување и разбирање на заканите врз културното наследство - culTher

Третиот курс - вреднување и разбирање на заканите врз културното наследство се одржа од 28 март до 01 април 2019 година во просториите на ИЕГЕ со професорот Koenraad Van Balen од катедрата за градежништво на Catholic University Leuven.

Во текот на предавањето се одржа и посета на црквата Св. Пантелејмон во Скопје, каде што беа разгледани ризиците и заканите врз архитектурата на црквата.

Контрола на настани и перформанси - DiMenSion

Третиот курс - Контрола на настани и перформанси се одржа овој викенд со асистентот истражувач и професор Knneth Hadecke од Technical University Chemnitz, Германија преку многу практични примери, студии на случаи и тимска работа.

Паузите во текот на курсот беа збогатени со разновидните вкусови на Витаминка.

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.6. Јавен настан во рамките на проектот Прекугранична соработка - Воведување на паметен туризам и споделена економија ИПА СБС MK-AЛ 2014-2020

Претстојниот јавен настан  ќе се одржи на 10 мај 2019 година во Струга.

Целта на овој настан е презентирање на резултатите од проектот и поврзување со заинтересираните страни. Настанот  ќе се спроведува со заедничко претставување на следните проекти за прекугранична соработка ИПА:  "Проект за Подобрување на Паметен Туризам (СТЕП)"; "Социјално претпријатие- мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизнис (СЕ-мост)" и "Регион на Охридското Езеро – Сигурна дестинација за авантуристички патувања".

Во рамките на овој јавен настан ќе се одржи и саем со промоција на сите 9 проекти за прекугранична соработка.

Јавниот настан ќе создаде синергија и подобра видливост на постигнувањата на сите проекти финансирани од страна на Програмата за прекугранична соработка ИПА MK-АЛ.

Ние веруваме дека заедничката организација на овој настан ќе создаде синергија и подобра видливост на постигнувањата на сите проекти финансирани од страна на Програмата за прекугранична соработка ИПА MK-АЛ.

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.5. Истражување - Benchmarking анализи во рамките на проектот Прекугранична соработка - Воведување на паметен туризам и споделена економија ИПА СБС MK-AЛ 2014-2020

Третата студија од Активноста 1.5 е студијата на тема "Стандарди за мерење на европскиот туризам: трендови и перспективи", која се фокусира на тековните трендови и предизвици во секторот туризам. Потврдено е дека политиката на туризмот стана важен двигател за одржливите економски политики како во развиените земји, така и во земјите во развој, што доведува до забрзан раст на економијата. Оваа студија се креираше во периодот од 15.08.2018 година до 15.02.2019 година.

Резултатите од студијата укажуваат дека владите на земјите во развој треба да се фокусираат на промовирање на туризмот како потенцијален извор на економски раст. Оваа студија, исто така укажува на тоа дека европските трендови и политики во областа на туризмот треба да се спроведат во Северна Македонија и Албанија, не само за зголемување на економскиот раст, вработувањето, културната и еколошка заштита, заштитата на културното наследство, но исто така и за зголемување на  прекуграничната соработка.

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.5. Истражување - Benchmarking анализи во рамките на проектот Прекугранична соработка - Воведување на паметен туризам и споделена економија ИПА СБС MK-AЛ 2014-2020

Во рамките на Активноста 1.5 - Бенчмаркинг анализа, која се имплементираше во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година - беше изготвена студијата "SWOT анализа и преглед на документи и извештаи на национално ниво".  Целта на студијата е анализа на релевантни  документи од туризмот (како што се закони, политики, стратегии, акциони планови, стандарди, извештаи, итн) во прекуграничниот регионот. Оваа студија дава јасна слика на предностите и слабостите на овие документи, како и можностите и заканите за развој на туризмот во овој регион. Заклучоците и препораките од истражувањето ќе бидат доставени до заинтересираните страни, особено општините во прекуграничниот регион и планираните регионални тела, во насока на подобрување на меѓусебната соработка и подобра имплементација на стратегиите и плановите за туризам.

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.5. Истражување - Benchmarking анализи во рамките на проектот Прекугранична соработка - Воведување на паметен туризам и споделена економија ИПА СБС MK-AЛ 2014-2020

Три студии се направени во рамките на Активноста 1.5 Бенчмаркинг анализа - испитување на јавно мислење. Оваа активност се имплементираше во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година.

Ова е краток опис на првата.

Студијата „Соработка меѓу засегнатите страни и анализи на јавно мислење“ се фокусира на статус кво во соработката на актуелните засегнатите страни, и можностите да се зголеми туристичката понуда преку соработка во прекуграничниот регион.  Во студијата се имплементирани неколку активности: идентификација на засегнатите страни, вид и позиција на секоја засегната страна, актуелни активности и одговорности. Дополнително, релевантните документи (како што се стратегии и програми за развој) се анализирани во поглед на соработката на засегнатите страни за време на фазата на развој и имплементацијата на овие документи. Понатаму презентирано е испитувањето на јавното мислење за добри практики за соработка на засегнатите страни во рурален и одржлив туризам. Оваа студија предложува повеќе мерки и методи, за да се подобри соработката меѓу засегнатите страни, кои ќе влијаат и резултираат во заеднички туристички активности во прекуграничниот регион.

 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.4. Анализи и извештаи во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Во рамките на Активноста 1.4., во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година беше направена „Студија за културното и природното наследство во прекуграничниот регион за соработка“која се фокусира на потенцијалите и можностите за туристички разој во целниот прекуграничен регион. Студијата ја анализира моменталната состојба на културното богатство, неговата достапност, природното богатство и можностите за туризам, културните разлики и ги валоризира туристичките ресурси во регионот, од аспект на туризам.

Студијата укажува на тоа кои бројни ресурси во регионот можат да се искористат во функција на туризмот. Одредени се само ресурсите кои имаат соодветен атрактивен потенцијал, кои се поврзани со сообраќај и кои овозможуваат извршување на соодветни активности.  Заклучокот е дека одржливиот развој на туризмот мора да се прави преку одржлив развој на културно и природно богатство, како одделни туристички ресурси, со цел да се избегне нивно уништување, деградација, распаѓање и загуба. 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.4. Анализи и извештаи во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Во рамките на Активноста 1.4 Анализи и извештаи е и „Студијата на профилот на домашни и интернационални туристи во прекуграничниот регион“, обезбедува длабинска анализа на профилите на домашните и интернационалните туристи.  Оваа активност се имплементираше во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година. Целта на оваа студија беше да ги истражи потребите на туристот, да ги задоволи социодемографските карактеристики на прекуграничниот регион за соработка – возраст, националност, мотивации и очекувања од патување, целосно искуство, фактори кои влијаат врз изборот на дестинација, превземени активности, за време на одмор, стил на патување итн. Оваа студија обезбедува информации за потенцијалниот развој на прекуграничниот туризам и факторите кои влијаат на него, како што се географската оддалеченост, политички и економски прилики, значењето на комуникацијата и социокултурната поврзаност во соодветните региони.

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.4. Анализи и извештаи во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Во рамките на Активноста 1.4, која беше имплементирана во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година беше направена „Студија за Сегментација на Пазарот и Профилирање на Туристите во Прекуграничниот Регион“.  Целта на оваа студија беше да ги истражи мотивациите за одење на одмор, да ги идентификува различните туристички потрошувачи, да го сегментира/подели туристичкиот пазар (култура, спорт, бизнис, слободно време, крстарење, благосостојба (wellness) итн.) на начин кој е практичен и значаен за туристите во прекуграничниот регион.  Во рамките на оваа студија се прави детална  сегментација  врз основа на активноста која се превзема и се анализира истата со цел да се разбере целниот пазар за платформата во прекуграничниот регион за соработка. Оценка на целниот пазар е клучно за успех на платформата и ќе им помогне на туристичките оператори да ги понудат вистинските услуги на вистински начин со цел да ги исполнат очекувањата и да ги задоволат потребите на крајните корисници.

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се” -Активност 1.4. Анализи и извештаи во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Една од направените студии во рамките на Активноста 1.4, која беше имплементирана во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година, е „Студија за одржливоста на туризмот во прекуграничниот регион“, која се фокусира на влијанието на туризмот врз одржливоста од една страна и можностите да се користат одржливите практики во туристичките активности од друга страна.  Управувањето со одржливи дестинации е пресудно за развојот на туризмот, особено преку ефективното просторно планирање, планирањето на користењето на земјиште и преку одлуки за инвестирање во инфраструктура и услуги.

Според нашето истражување и извршените теренски анкети во двете земји, социјалниот начин на размислување, институциите и системите за јавна администрација на туристичките дестинации можат да не бидат подготвени за брзите промени во начинот на кој туризмот ќе се развива. Многу локални туристички бизнис оператори имаат многу ограничено мислење за потребите и желбите на патниците и очекувањата на интернационалните тур оператори. Земјите во регионот мора да воспостават ефективна соработка, за да развијат заеднички туристички производи (прекугранични траси, заеднички теми, заеднички атракции итн.), да ги исполнат автентичните регионали искуства и да ги продаваат како една дестинација со цел да функционираат како една интегрирана дестинација за патувања (како што често се посакува од перспектива на побарувачката).

 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.4. Анализи и извештаи во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Во рамките на Активноста 1.4. Анализи и извештаи, беа креирани пет студии. Активноста беше реализирана во периодот од 15.08.2018 до 15.02.2019 година.

Целта на „Студијата за достапни туристички услуги и туристички потенцијал во прекуграничниот регион” беше да се анализираат достапните туристички услуги и туристички можности со цел да се оцени туристичкиот потенцијал во регионот. Поради оваа причина, беше воведена анкета за достапни туристички услуги и туристички потенцијал на релевантните засегнати страни од двете земји во прекуграничниот регион. Резултатите од воведените анализи ќе служат како силна основа за идниот развој на туризмот во овој регион со идентификувани потенцијали и можности за идни активности поврзани со промоцијата на туристичките производи и услуги во рамките на регионот. Студијата ќе служи како рамка за развивање на обуки за клучните засегнати страни во следната компонента на проектот.

 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.3. Водење на истражување во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Во рамките на оваа активност, која започна на 30.11.2018 година и траеше се до 15.04.2018 година на релевантните засегнати страни од прекуграничниот регион им беа поделени прашањата за Европскиот Систем за Индикатори во Туризамот за Одржлива Дестинација-EТИС (прашања кои се однесуваат на посетител, резидент, управување со дестинација и за компании).

Иновативниот аспект на методологијата на компонентите на Истражување и Развој (Р&Д) е употребата на Европскиот Систем за Индикатори во Туризмот (ЕТИС).  За прв пат беше направен обид за употреба во прекуграничниот регион. Употребата на ЕТИС во овој проект обезбеди алатка за мерење и следење на туристичките дестинации во прекуграничниот регион и поддршка на корисниците за време на обуките и упатство за усвојување на поинтелигентен пристап во планирањето на туризмот (вклучувајќи процес и методологија) и пристап на одржливо управување и подобрување на нивните одржливи перформанси.

Доколку сакате да го погледнете инфографикот за оваа активност, ве молиме кликнете тука. 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје


 

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.3. Водење на истражување во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014-2020

Во рамките на оваа активност во периодот од 15.04.2018 до 30.11.2018 беа имплементирани два вида на активности: теренско истражување на прекуграничниот регион и ангажирање на засегнатите страни во истражувањето (интервјуа, фокус групи, онлајн анкета). Собирањето на одговори од прашалниците беше многу важен дел од истражувањето. За време на оваа активност успеавме да добиеме 1026 одговори од релевантни засегнати страни (претставници од јавни институции поврзани со управувањето со културно и природно богатство, општини, локални туристички посредници, индивидуални претприемачи и граѓани од целниот прекуграничен регион.

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје


 

Прв работен пакет “Подгответе се”- Активност 1.2. Создавање на база на податоци за релевантните засегнати страни во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014—2020

Оваа активност која се имплементираше во периодот од 15.03.2018 до 30.09.2018 година има големо значење за промоцијата на проектот и проектните активности за релевантните засегнати страни (при пристапот и комуникацијата со потенцијалните засеганти страни, ние го презентиравме проектот и неговите цели). Со цел да создадеме База на податоци, креиравме идентификационен прашалник со 8 прашања за идентификација, кои се однесуваа на видот на засегната страна, видот на туристички услуги и понудени производи, општината во која тие живеат итн. Базата на податоци беше направена во прекуграничниот регион, со профили на 437 релевантни засегнати страни во туризмот. Дури 100 засегнати страни од меѓуграничниот регион потврдија дека би сакале да бидат дел од платформата.

Доколку сакате да го погледнете инфографикот за оваа активност, ве молиме кликнете тука. 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје


 

Прв работен пакет “Подгответе се” - Активност 1.1. Креирање на анкети во рамките на проектот -Воведување на Паметен Туризам и Споделена Економија ИПА СБС МК-АЛ 2014—2020

Во рамките на оваа активност се креираа 5 прашалници за одржлив туризам, културно и природно наследство, туристички потенцијал, профил на туристи и маркет сегментација на 3 јазици (македонски, албански, англиски). Секој прашалник беше  наменет за специфична целна група и е со специфична цел. Сите прашалници имаа отворени и затворени прашања (со еден одговор или повеќекратен избор) и беа специфично направени за целите на проектот, имајќи ги предвид специфичните карактеристики на регионот на прекугранична соработка и последните трендови во туризмот и најдобрите практики. 

Доколку сакате да го погледнете инфографикот за оваа активност, ве молиме кликнете тука. 

http://ipacbc-mk-al.net/

Програма за прекугранична соработка ИПА II - Република Македонија и Република Албанија

Делегација на Европската Унија, Скопје


 

Коцепти и дизајн на евенти - DiMenSion

Како дел од вториот предмет во рамките на проектот „Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови”, имавме одлична можност да ја имаме професор Александра Србиновска-Дончевски како наш гостин професор.

Во текот на курсот, низ практични примери, учесниците се стекнаа со комуникациски вештини кои можат да ги применат во секојдневниот живот.


 

Коцепти и дизајн на евенти - DiMenSion

Вториот предмет - Коцепти и дизајн на евенти, кој е дел од проектот DiMenSion се одржа во просториите на ИЕГЕ со Валентина Николети - менаџер за социјални медиуми во секторот за видливост и комуникација на CESIE.

Доколку сакате да ја погледнете галеријата со фотографии од предавањето кликнете тука.


 

Средба со претставници од фондацијата Метаморфозис, СЕГ-Холдинг и ЛДА

Во рамките на проектот "Надвор од границите - воведување паметен туризам и споределена економија", финансиран од Програмата ИПА ПС-МК-АЛ 2014-2020, Средба со г. Флорент Бајрами од фондацијата Метаморфозис, Лидија Фајџига од СЕГ-Холдинг и г-ѓа Јасминка Поповска од ЛДА се одржа на 25.02.2019 година во Скопје.

На средбата учесниците дискутираа за претстојниот јавен настан кој ќе се одржи на 10.05.2019 година во Струга.

http://ipacbc-mk-al.net/

IPA II CBC Programme - Republic of Macedonia & Republic of Albania

Delegation of the European Union, Skopje


 

Средба во Министерството за култура

Во рамките на проектот "Надвор од границите - воведување паметен туризам и споределена економија", финансиран од Програмата ИПА ПС-МК-АЛ 2014-2020, се одржа средба со г. Афет Јашари од Министерството за култура на 25.02.2019 година во Скопје.

За време на состанокот беше презентиран проектот "Надвор од границите - воведување паметен туризам и споределена економија".

Учесниците на средбата разговараа за потребите и предизвиците со културното наследство, како и во секторот туризам воопшто.

 

http://ipacbc-mk-al.net/

IPA II CBC Programme - Republic of Macedonia & Republic of Albania

Delegation of the European Union, Skopje


 

Ризици од климатските промени и влијанието врз културното наследство - culTher

Се одржа вториот предмет од програмата - „Конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени” со наслов Ризици од климатските промени и влијанието врз културното наследство. Предавањата се одржаа од 21-25 Февруари 2019 година во просториите на ИЕГЕ со професор Jurate Zaltaskaite од Vytautas Magnus University.

За разгледате повеќе фотографии од предавањето кликнете тука.


 

Прашалник за соработка помеѓу академијата и бизнисот (AБC)

Ве замолуваме да одвоите 10 минути за пополнување на овој прашалник, кој е изработен во рамки на проектот Еразмус+ ,,Промовирање на партнерства помеѓу академијата и индустријата за истражување и развој, преку колаборативна и отворена платформа за иновации“- All4R&D.

https://goo.gl/forms/o4cYVxzHH5a0vdv73

Ова истражување ќе биде спроведено во Македонија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Австрија, Финска и Германија. Целта на истражувањето е да се добијат реални податоци за потребите и предизвиците при соработката помеѓу академијата и бизнисот (АБС). 
#all4rd #business #academia #collaboration #innovation


 

Средби и презентации на проектот ,,Надвор од границите - воведување паметен туризам и споделена економија"

На 08.02.2018 година во Маврово се одржа средба со претставници од Националниот парк Маврово и претставници од Oпштина Маврово-Ростуше.

Состаноците беа во рамките на активностите на проектот ,,Надвор од границите - воведување паметен туризам и споделена економија", финансирани од меѓуграничната програма под ИПА II алокациите за 2014 и 2015.

Во рамките на посетата беа разгледани потребите и предизвиците на општината, а беа презентирани и целите на проектот.
Проектот беше презентиран на сите заинтересирани страни како и на туристите од регионот на Маврово.


 

Стратегиски евент менаџмент - DiMenSion

Се одржа првиот предмет од програмата - „Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови” со наслов Стратегиски Евент Менаџмент. Предавањата се одржаа во просториите на ИЕГЕ со асистентот истражувач и професор Knneth Hadecke од Technical University Chemnitz, Германија.

За да го разгледате албумот со фотографии од предавањата кои поминаа во одлична, продуктивна атмосфера кликнете тука.


 

Вовед во одржлив развој и климатски промени - culTher

Се одржа првиот предмет од програмата - „Конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени” со наслов Вовед во одржлив развој и климатски промени. Предавањата се одржаа од 24-28 Јануари 2019 година во просториите на ИЕГЕ со професор Renata Dagiliute од Vytautas Magnus University.

За разгледате повеќе фотографии од предавањето кликнете тука.


 

Отворената сесија на состанокот на проектот BIMcert

ИЕГЕ ги презентираше целите и резултатите од проектот БИМсерт - финансиран од престижниот европски фонд за иновативни проекти, Хоризонт 2020. На одржаниот настан беа презентирани и дускутирани значењето и придобивките од воведување на современиот професионален софтвер во градежништвото.

Настанот се одржа во Стопанска Комора, со учество на голем број владини претставници, претставници од бизнис секторот и академијата. За важноста на европски проекти од ваков тип, обраќање имаше вицепремиерот за економски прашања г-динот Кочо Анѓушев, и присуство на Министерот за транспорт и врски г-динот Горан Сугарески.

Настанот беше организиран во форма на отворена дискусија со присутните гости со цел да се дефинираат заклучоци кои ќе претставуваат иницијални насоки за дигитализација на градежниот сектор во насока на економска и енергетска ефикасност.


 

Состанок на проектот All4R&D - Промовирање на партнерства помеѓу академијата и индустријата за истражување и развој, преку колаборативна и отворена платформа за иновации.

На 24 и 25 јануари 2019 година, Градежниот факултет и ИЕГЕ одржаа состанок на проектот All4R&D - Промовирање на партнерства помеѓу академијата и индустријата за истражување и развој, преку колаборативна и отворена платформа за иновации. Состанокот се одржа во просториите на Градежниот факултет и присуствуваа сите 13 партнери во проектот и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Партнерите имаа можност да ги претстават своите организации и да ги координираат следните чекори од проектот.

Целта на проектот е да се забрзаат истражувањата, иновациите, трансферот на знаење и технологија во БиХ и Ерменија преку подобрување на стратешките партнерства помеѓу академијата и индустријата. Овој проект е финансиран од Erasmus +.  Следете ги проектните активности на: http://all4rd.net/

#all4rd #business #academia #collaboration #innovation


 

Mониторинг на проектите DiMenSion и CulTher.

На 12 декември претставници од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност извршија мониторинг на тековните проекти DiMenSion и CulTher.
Мониторингот се одвиваше во насока на проверка на досегашниот тек на имплементирањето на проектот, како и давање совети и помош за идните активности кои е потребно да се превземат.
#erasmusplus #ka2 #dimension #culther #monitoring


 

Воведен состанок за KA204

 На 12.12.2018 во просториите на ИЕГЕ се одржа воведен состанок за KA204 организиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност предводен од М-р Љупка Ќуркчиева каде учествуваа претставници на организации со одобрени грантови. На состанокот заеднички се разгледуваа различните аспекти на менаџирањето со проекти подготовката на извештаи, алатките кои се користат и квалитетот во реализацијата. М-р Сузана Касовска Георгиева од ИЕГЕ имаше можност да ги презентира досегашните искуства и позитивни практики при реализирање на овој тип проекти. 
#Erasmusplus #KA204 #meeting #networking


 

20 стипендии за професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени

Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии, за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во професионална европска едукативна програма за „Конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени”.

Програмата е дел од проектот ,,Професионални курсеви за конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени – CulTher”, финансирана од европската програма Еразмус +, Соработка за иновација и размена на добри практики, во партнерство со институции од Белгија, Германија и Литванија.

Повеќе информации за повикот и начинот на пријавување можете да најдете на: http://www.iege.edu.mk/index.php/en/erasmus-k2-culther/

Доколку сакате да бидете дел од едукативната програма, Ве молиме испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо во елктронска форма на info@iege.edu.mk со назнака Апликација за едукативна програма CulTher најдоцна до 01 јануари 2018 година.

#IECE #culTher #CulturalHeritage


 

Промоција на професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени

Се одржа вториот настан за промоција на професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени- CulTher. 

На настанот ИЕГЕ ја презентираше наставната програма на програмата, која се фокусира на подобрување на квалитетот и релевантноста на знаењето на учесниците за одржливо културно наследство.

Во текот на следните неколку дена ќе се објави и конкурс на кој ќе се доделуваат 20 целосни стипендии, за сите заинтересирани кои сакаат да го усовршат своето знаење и да бидат дел од програмата.


 

Проектен состанок на проектот Надвор од границите - воведување паметен туризам и споределена економија

На 4 декември 2018 година истражувачите на ИЕГЕ остварија средба во Струга со проектните партнери Локална агенција за развој ЛДА - Струга и Биолози од Албанија - Тирана, како дел од проектот ,,Надвор од границите - воведување паметен туризам и споделена економија", финансирани од меѓуграничната програма под ИПА II алокациите за 2014 и 2015

На овој состанок истражувачите ги споделија своите истражувања од 5 студии за различни релевантни теми како туристички потенцијал, аспекти на одржливост, културно и природно наследство, профил на туристи, модел на туризам и сегментација на пазарот.
#beyondborders #euforyou #smarttourism #sharingeconomy


 

Воведување паметен туризам и споределена економија

Обука и сертификација во Global DISC

ИЕГЕ со задоволство објавува дека од денес нудиме обука и сертификација во Global DISC.

Global DISC им помага на компаниите да ги задржат своите најдобри вработени и да привлечат нови таленти преку Интелигентното глобално лидерство на начин на кој тие се чувствуваат вредни, разбрани и способни да ги претворат своите разлики во синергија.

Погледнете го видеото и контактирајте не за повеќе информации.

 


 

Втор проектен состанок - CULTHER

Вториот состанок на проектот во рамките на проектот Професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени - CULTHER се одржа на 26.11.2018 година во Leuven, Белгија.

Организацијата домаќин беше Katholieke Universiteit Leuven од Белгија, а другите присутни учесници беа од Vytauto Didziojo Universitetas од Литванија, Fraunhofer Geselschaft од Германија, ИЕГЕ и ГИМ од Македонија.

 


 

20 (дваесет) стипендии за eвропската едукативна програма за Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови

Приватно научниот институт ИЕГЕ објавува повик за учество во професионална европска едукативна програма за „Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови”.

Единствена од ваков тип, професионалната едукативна програма за ,,Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови” овозможува надоградба на знаењата и професионален развој на маркетинг и евент менаџерите.

Еден од најважните приоритети на програмата е градење на релевантни и висококвалитетни вештини и компетенции на учесниците. Програмата е приспособена за кандидати кои веќе имаат искуство во областа на маркетинг и менаџирањето на настани и сакаат да добијат специјализирано и применливо знаење во ова поле.

Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии, за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од меѓународни тренери со примена на иновативни практики и современи алатки.

Програмата ќе ја имплементираат домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од следниве институции: Приватно научен Институт ИЕГЕ од Македонија; Европски центар за студирање и иницијативи CESIE од Италија, Технички Универзитет Кемниц, департман за маркетинг и евент менаџмент од Германија и ICQ Consulting Ltd од Велика Британија.

Програмата се состои од следните предмети: 1. Strategic Event Management, 2. Event Concept and Design, 3. Event Controlling & Performance, 4. Sustainable Brands, 5. Intelligent Event Leadership, 6. Event Industry Challenges & Trends.

Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење, во училница и систем за е-учење.

Програмата ќе се спроведува на англиски јазик, од јануари 2019 до јуни 2019 година.

Критериуми за учество во програмата се:
- Високо образование пожелно во следните области: маркетинг, менаџмент, односи со јавност (ПР) или економија;
- Минимум 2 годишно работно искуство во маркетинг или организирање на настани
- Одлично познавање и говорење на англиски јазик
- Способност за учење и спремност за развивање на своите персонални и деловни способности
- Отворена, комуникативна, креативна и динамична личност

Доколку сакате да бидете дел од едукативната програма DiMenSion, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија и мотивационо писмо во електронска форма на info@iege.edu.mk со назнака Апликација за едукативна програма DiMenSion најдоцна до 15 декември 2018 година.

Програмата е дел од проектот ,,Развивање на маркетинг решенија за одржливи брендови – DiMenSion”, финансирана од европската програма Еразмус +, Соработка за иновација и размена на добри практики, во партнерство со институции од Велика Британија, Германија, Италија и Грција.

 


 

Промоција на европската едукативна програма ,,Развој на маркетинг решенија за одржливи брендови”

Се одржа вториот настан за промоција на европската едукативна програма ,,Развој на маркетинг решенија за одржливи брендови” со фокус кон стратегиски евент менаџмент како една од клучните индустрии за развој на одржливи брендови.

На настанот беше презентирана наставната програма, која е дел од проектот ,,Развивање на маркетинг решенија за одржливи брендови – DiMenSion”.

Во текот на следните неколку дена ќе се објави и конкурс на кој ќе се доделуваат 20 целосни стипендии, за сите заинтересирани кои сакаат да го усовршат своето знаење и да бидат дел од единствената европска програма за маркетинг и евент менаџмент.

 


 

Прв проектен состанок - DECOS

Првиот проектен состанок во рамките на нашиот нов Ерасмус + проект: Развивање на еко вештини за зелена економија - DECOS се одржа во Грац, Австрија.
Покрај преставници од ИЕГЕ на состанокот беа присутни претставници од:

- bit management GmbH од Австрија
- Valkeakosken kaupunki од Финска,
- Папилот Завод Љубљана, од Словенија и
- Austromed Holding од Романија

 


 

Трета работилница во рамките на проектот - DiMenSion

Третата работилница во рамките на проектот Развивање на маркетинг решенија за одржливи брендови - DiMenSion која се одржа во Technische Universitaet Chemnitz, Германија, помина одлично. ☑️

#IECE #DiMenSion #EventManagement

 


 

Работен состанок во рамките на проектот BIMcert

На 17 октомври 2018, тимот на ИЕГЕ, кој го води работниот пакет 5: Наставни модели и материјали од проектот BIMcert, финансиран од Хоризонт 2020, учествуваше на работен состанок со партнерите од конзорциумот кои се вклучени во изработка на наставната програма, концепти, методологии, материјали и тестирање на програмата.

Состанокот се одржа во Даблин, во просториите на Dablin Institute of Technology, а покрај ИЕГЕ учествуваа следните парнери:
- Belfast Metropolitan College,
- Dublin Institute of technology,
- Construction Industry Training Board Northern Ireland,
- Future Analytics Consulting Dublin

На состанокот се договорија деталите за развивање на наставната програма, пред се пилот модулите за тестирање и евалуација на почетокот на следната година. Предложени се и насоки за развивање на останатите елементи од програмата и методите на евалуација.


 

Трета работилница во рамките на проектот CULTHER

Се одржа третата работилница во рамките на проектот Еразмус + Професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени - CULTHER во Германија од 15.10. до 19.10.2018 година.

Работилницата се одржа на тема Зачувување и превентивна заштита од климатските промени врз изграденото културно наследство.

Fraunhofer Gesellschaft zur Foerderung der Angewandten Forschung EV од Германија беше домаќин на работилницата. Покрај претставниците од ИЕГЕ на работилницата присуствуваа и претставници од следните институции кои се партнери во проектот:
- Vytautas Magnus University, од Литванија,
- Katholieke Universiteit Leuven од Белгија и
- Градежен институт Македонија - ГИМ


 

BIMcert новости

Прочитајте ги новостите за проектот BIMcert во новиот билтен.

NewsletterSeptember2018


 

Вебинар со фокус групи - BIMcert

Разработката на концептот на проектот BIMcert кој е финансиран од престижниот европски фонд Хоризонт 2020 е во тек. Проектот се одвива во неколку фази, во оваа фаза започнуваат вебинари со фокус групи за добивање на реална слика за програмата и материјалите за обука на BIMcert.

Одржаната работилницата ја водеа:
- Future Analytics, одговорна за проба, ревизија и тестирање на програмата,
- CITB NI чија надлежност е изработените материјали да бидат соодветни на потребите на корисниците и
- ИЕГЕ како проектен партнер надлежен за наставните материјали.

Работилницата беше во комбинација од директна дискусија и интеракција со тимот на проектот преку вебинар.


 

Презентација на резултатите од спроведеното истражување за потребите и предизвиците со кои се соочуваат конзерваторите и одржливото културно наследство

Презентација на резултатите од спроведеното истражување за потребите и предизвиците со кои се соочуваат конзерваторите и одржливото културно наследство, во рамките на проектот Еразмус + Професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени - CULTHER.

Повеќе фотографии од овој настан можете да погледнете на следниов линк.

#IECE #CULTHER #CulturalHeritage


 

Европска недела на мобилност 2018

ГИМ и ИЕГЕ по втор пат ја одбележаа Европската недела на мобилност 2018.
Во рамките на овој настан за вработените кои користеа алернативен одржлив начин на превоз до работното место подготвивме низа изненадувања, меѓу кои и бонус на месечната плата за оние кои дојдоа со велосипед.
Ги охрабруваме Нашите вработени да го користат алтернативниот начин на транспорт, да комбинираат, да споделуваат возило или да користат велосипед во текот на целата година за да стигнат до своето работно место.


 

Промовирање на партнерства помеѓу академијата и индустријата за истражување и развој преку колаборативна и отворена платформа за иновации- All4R&DЕ

Додаваме уште еден нов проект во нашата низа на проекти насловен - Промовирање на партнерства помеѓу академијата и индустријата за истражување и развој преку колаборативна и отворена платформа за иновации- All4R&D.

Проектот All4R&D е одобрен во рамки на Еразмус+ програмата, Градење на капацитети во високото образование. Вклучени се 13 партнерски институции (универзитети и компании) од Македонија, Германија, Австрија, Финска, Босна и Херцеговина и Ерменија.

Целта на проектот е да се забрзаат истражувањата, иновациите, знаењето и трансферот на технологијата во БиХ и Ерменија преку подобрување на сојузничките стратегии на академијата и индустријата.

Овој проект е ориентиран кон премостување на предизвиците кои произлегуваат од соработката помеѓу универзитетот и индустријата, и истиот ќе трае 3 години.


 

Регуларна средба меѓу претставниците на Метаморфозис и ИЕГЕ

ЕУ за тебе, гласи мотото на сите проекти финанцирани од ЕУ во Македонија, но „и ние сите заедно, за нас“, е мотото кое не движи напред и е поттикнувач на средби како регуларната средба меѓу претставниците на Метаморфозис и ИЕГЕ, (Проектот за зајакнување на иновативен туризам (СТЕП), и проектот Надвор од границите - Воведување на паметен туризам и споделување на економијата финансирани од меѓуграничната програма под ИПА IIалокациите за 2014 и 2015).

Целта е да се користат комплементарно сите знаења стекнати во текот на проектот и претходно, за да се користат што поефикасно сите можни средства за поголем аутпут.

На ова средба се споделуваа искуствата за истражувањата на ИЕГЕ, а потоа се разгледуваа прашалниците подготвени од проектниот тим на СТЕП кои ги презентираше Флорент Бајрами од Метаморфозис, вклучително на корисни препораки од Сузана Касовска Георгиева од ИЕГЕ.

Месечните средби имаат за цел да ги мултиплицираат ефектите на поединечните интервенции, бидејќи доста од активностите на овие два проекти се од слична природа, но географската целна група е различна.


 

Проектот Развивање на Еко Вештини за Зелена Економија- ДЕКОС

Задоволство ни е да го објавиме новиот проект - ДЕКОС.
Проектот Развивање на Еко Вештини за Зелена Економија- ДЕКОС е одобрен во рамки на Ерасмус+ програмaта.

Овој проект ја комбинира интеграцијата на пазарот на труд со социјалната интеграција преку еколошка свест и зелени вештини. Крајната цел на проектот е организирање на Школа за екоменаџери од три модули (управување со отпад, управување со енергија и почисто производство). Во рамки на проектот исто така ќе се воспостави крос- медиумска платформа како трансфер центар за да се обезбеди одржливост на проектот.

Партнери на проектот покрај Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ и Градежен институт Македонија - ГИМ од Македонија , се и PAPILOT Zavod za vzodbujanje in razvijanje kvalitete zivljenja од Словенија, BIT-Management Beratung Gesmbh од Австрија, Valkeakosken kaupunki од Финска и Austromed Holding од Романија.

Проектот е со времетраење од 24 месеци и ќе започне да се имплементира од 01.10.2018 до 01.10.2020 година..


 

Завршна конференција за одржливо лидерство

На завршната конференција за одржливо лидерство учесниците ги презентираа своите завршни трудови, говореа претставници од институциите кои беа парнери во проектот и беа доделени сертификатите за успешно завршување на меѓународната програма "PoSsibLe".

Честитки до сите учесници во Заедничката програма за одржливо лидерство, се радуваме на вашиот успех!


 

ОГЛАС за ДЕЛОВЕН АДМИНИСТРАТОР

Надвор од границите- воведување паметен туризам и споделена економија

Краток осврт:
Знаењето и иновациите, како и паметните бизнис модели, стануваат фактори кои влијаат на конкурентноста на туристичките дестинации. Целниот регион во кој ќе делуваме се соочува со голем број предизвици кои треба да се надминат, за истиот да стане конкурентен на светскиот туристички пазар. Дигитализацијата на туристичките понуди и нивно поврзување во прекуграничниот регион позитивно може да влијаат врз развојот на туризмот. Претпријатијата кои се занимаваат со туризам во овој регион треба да следат чекор со новите трендови и да го променат својот пристап кон пазарот преку ребрендирање и понуда базирана на автентични искуства, насочена кон потребите на современиот турист.
Цел на овој проект е да го претстави концептот на паметен туризам, кој се базира на иновативна и ефикасна примена на постојните културни, природни реурси и човечкиот капитал. Ова ќе резултира со зголемени деловни можности за локалните претпријатија од туристичкиот сектор, поголем број туристи во регионот и можности за нови вработувања.
Клучни засегнати страни се: индивидуални претприемачи кои делуваат на територијата опфатена со овој проект (како ракотворци, занаетчии, фармери, спортисти) кои не се директно инволвирани во туристичкиот сектор; лица веќе вклучени во туристичкиот сектор ( туристички водичи, локални агенции, семејни ресторани); Јавни установи кои управуваат со културното и природното наследство (како музеи, галерии, национални паркови) кои треба да се модернизираат и да станат дел од туритичките понуди.
Активности и резултати
Проектот ќе започне со истражувачко-развојна фаза, после што ќе слези фаза на обуки. Како резулат на тоа, ќе се креира иновативна онлајн платформа на која ќе се нуди палета на туристички понуди, базирани на автентични искуства (комбинации од производи и услуги) во согласност со потребите на современиот турист, а со цел промовирање на регионот.
1 ПОДГОТВИ СЕ – компонента Истражување и Развој. Во оваа фаза ќе се изготват квантитативни и квалитативни анализи за понудата и побарувачката во таргетираниот регион. Добиените резултати ќе се споредат со тековните светски трендови преку ETIS European Tourism Indicator System системот. Ќе се изготват 5 научни трудови насочени кон следните елементи: туристички потенцијал; аспекти на одржливост; културно и природно наследство; профил на туристи; модел на туристички тек; сегментација на пазарот. Овие трудови ќе обезбедат стратешки пристап кон проектните активности и ќе послужат како рамка за развој на обуките во следната компонента.
2 АНГАЖИРАЈ И ТРАНСФОРМИРАЈ–оваа компонента ќе ги мобилизира клучните засегнати страни и ќе им помогне да ги трансформираат нивните постоечки производи/услуги во поатрактивни пакети насочени кон нови искуства. Ќе се креираат и имплементираат 5 курсеви, вебинари и онлајн курсеви, на кои ќе учествуваат 100 претставници од таргет групата. Со цел да се добијат посакуваните резултати, материјалот ќе биде пренесен преку класични предавања, практични искуства, менторство и меѓусебна поддршка од членовите на групата. Втора фаза на оваа компонента ќе биде обновување на Етнографскиот Музеј на Мат, Албанија што ќе придонесе до поставување на оваа област на туристичката мапа.
3 ИНОВИРАЈ – оваа компонента ќе придонесе кон промовирање на меѓуграничниот регион како целогодишна туристичка дестинација. Ќе креираме онлајн платформа, мобилна апликација и физички инфо точки, кои ќе ги искористиме во промовирањето на уникатни туристички искуства понудени од страна на претпријатија и индивидуи од пограничниот регион. Платформата ќе биде изградена преку примена на најнови технологии, и ќе биде иновативна и лесна за користење. Фокус ставаме врз едноставноста на употреба на платформата, што би овозможило нејзина широка примена. Уникатноста на оваа алатка се состои во склопот на најновите трендови во туризмот, со иновативните информатички решенија. Очекуваме понуда од најмалку 30 уникатни туристички искуства.
4 ДОСТИГНИ И ПРОМОВИРАЈ – ги опфаќа видливоста и промоцијата на резултатите на проектот. Оваа компонента ќе започне со основање фокус група која ќе создаде почетни понуди на туристички искуства. Дополнително, се очекува создавање на дигитална заедница за споделување идеи, искуства, препораки, реакции и сл. што ќе послужи како магнет за привлекување нови корисници на платформата, а со тоа и нови туристи во регионот.

Општи информации:

Регион на кој се однесува проектот: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше, Мат, Дебар, Булкиз, Клос
ИПА компонента : IPA 2, Cross border cooperation: former Yugoslav Republic of Macedonia – Republic of Albania, allocations 2014-2015
Клучни факти и бројки релевантни за проектот:
• Времетраење на проектот: 27 месеци 01ви Декември 2017 – 28ми Февруари 2020
• Вредност: 304,054.00 €
• Придонес од ЕУ: 258,445.90 €
• Придонес од ЕУ во проценти: 85 %

Партнери на проектот:
Здружение Локална Агенција за Развој – ЛАР Струга
ул.Димче Ковачески 30/2, 6330 Струга
www.ldastruga.org

Институт за Истражување во Животна Средина, Градежништво и Енергетика (ИЕГЕ)
ул.Дрезденска 52, Скопје 1000
www.iege.edu.mk

Биолози од Албанија - Тирана
Str. Ismail Qemali
Pallati 2K, Nr. 25 /c
Тirana
www.biologet-al.com

Општина Мат
Плоштад “Ахмет Зогу”
Бурел, Албанија
www.bashkiamat.gov.al

Контакт информации:
+389 46 784 151 (ЛАР-канцеларија)
smarttourismmkal@gmail.com


 

Прв настан - DiMenSion

Презентација на резултатите од направената анализа на потребите и предизвиците на пазарот и маркетинг евент менаџерите, во рамките на проектот Еразмус + Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови - DiMenSion.


 

Успешно завршена летната школа - Structural Engineering of Industrial Facilities

Учесниците успешно ја завршија летната школа - Structural Engineering of Industrial Facilities, Aachen, Germany.
Школата траеше 2 недели (од 18 до 29 јуни 2018).
Дел од организациите кои учествуваа во реализирањето на летната школа беше и нашиот институт - Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика - ИЕГЕ, вклучително и:
- Chair of Structural Analysis and Dynamics (LBB)
- Institute of Steel Construction (STB)
- Ss. Cyril and Methodius University
- The University of Pisa
- Kempen Krause Ingenieure GmbH


 

Традиција, квалитет и иновативност

Во полето на научно-истражувачка дејност Градежен Институт Македонија ја потврди својата стратегија за иновација со основање на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика.

Целата објава можете да ја прочитате - тука


 

Втор проектен состанок - BIMcert

Партнерите од проектот BIMcert го одржаа својот втор проектен состанок на 19 и 20 јуни, во Energetski Institut Hrvoje Pozar, Загреб.

BIMcert е европски проект финансиран од престижниот европски фонд Хоризонт 2020, насочен кон унапредување и сертификација на професионалните вештини во модерниот градежен сектор, неопходни за енергетски одржливи градби. Проектот има мултидисциплинарен пристап на специјализирана обука, која се состои во развивање на програма за едукација на професионален кадар ангажиран во сите сектори на високоградбата, од сите нивоа и профили.

#BIMcert


 

Презентација на резултатите од спроведеното истражување за потребите и предизвиците со кои се соочуваат маркетинг и евент менаџерите

Презентација на резултатите од спроведеното истражување за потребите и предизвиците со кои се соочуваат маркетинг и евент менаџерите, во рамките на Еразмус+ проектот "Развој на маркетинг и евент решенија за одржливи брендови" - DiMenSion.

#DiMenSion #EventManagement


 

Работилница во рамките на проектот DiMenSion

Работилницата за размена на знаења за светските трендови и алатки за креирање на одржлив бренд, во рамките на проектот Еразмус+ "Развој на маркетинг и евент решенија за одржливи брендови" - DiMenSion.

#DiMenSion #EventManagement


 

Реализирана втора работилница во рамките на проектот CULTHER

Реализирана втора работилница во рамките на ЕРАСМУС+ проектот "Професионални курсеви за презервација и конзервација на изградено културно наследство од влијанија од климатски промени" - CULTHER во Лувен Белгија од 28.05-01.06.2018

#CULTHER


 

Работилница на BIMcert - проект финансиран од Хоризонт 2020

Институтот за истражување во животна средина, енергетика и градежништво - ИЕГЕ основан од Градежен институт Македонија - ГИМ , кој е дел од проектниот конзорциум на BIMcert - проект финансиран од Хоризонт 2020, организираше BIMcert работилницата каде присуствуваа претставници од Стопанската комора, Комора на овластени архитекти и инженери во Македонија, претставници на бизнис секторот и академиите.

Цел на работилницата беше претставување на проектот BIMcert на македонскиот градежен сектор, презентација на резултатите од спроведената анкета како и одговарање на прашањето што всушност е BIMcert.

На работилницата беа отворени повеќе дискусии за значењето и потребата на BIMcert програмата за обука на професионалци во градежниот сектор, преку користење на дигитална технологија и подобрени техники за обука за да се поддржи, подобри и максимизира влијанието на вештините за енергетска ефикасност на сите оперативни нивоа во рамките на модерниот градежен сектор.

Проектот започна во март 2018 г., а ќе заврши во октомври 2019 г., додека следен чекор ќе биде проверка дали резултатите од анкетата одговараат на реалната слика, со што на градежниот сектор ќе му се овозможи да ги разгледа предлозите пред конечно да се доработат.


 

Обука за Геодупчач за изработка на Истражни, Хидрогеолошки, Геотехнички и Инекциони дупнатини

Приватно научната установа Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика во соработка со Градежен институт Македонија - ГИМ ја објавуваат обуката за Геодупчач за изработка на Истражни, Хидрогеолошки, Геотехнички и Инекциони дупнатини на невработени.

Се повикуваат лица:
- на возраст до 40 години
- со завршено најмалку средно стручно (пожелно геолошко-рударска, металуршка или градежна струка) и гимназиско образование
- психоспособни за обавување на работи и работни задачи од категорија на среден ризик
- со поседување возачка дозвола Б категорија, активен возач
- со основно познавање на англиски и српски јазик
- со желба за работа на терен и работа во странство
Кои се заинтересирани за стекнување на знаења и вештини за геодупчач (дефицитарни кадри во РМ) да се пријават на обуката.

Цели на обуката:
Со оваа обука заинтересираните лица ќе се стекнат со вештини и знаења за ракување со дупчачка гарнитура и со целиот процес на дупчење, поправка и нивни карактеристики при дупчење, како и препознавање на разни видови дупнатини, контролирање на мерни инструменти, прилагодување на режим на дупчење во согласност со геотехничките карактеристики на карпите низ кои минуваат дупнатини и др. односно се во согласност со Програмата за обука на геодупчачи.

Методологија на работа:
Обуката ќе се реализира во Скопје со комбинација од теренска обука и настава во училница во период од 6 месеци, организирана на следниот начин
- Теорија 86 часа
- Пракса 173 часа и
- Оценување 29 часа

Обуката ќе се реализира согласно Програмата за обука верифицирана од страна на Министерство за образование и наука со решение УПЛ бр. 12-989 од 13.07.2017 година, а лицата кои редовно ја посетувале обуката ќе добијат Сертификат за завршена обука.

Очекувани резултати на програмата се:
- анализираат, планираат и организираат работата
- прават подготовки на работното место (на теренот, машините и алатите)
- изработуваат истражни дупнатини, хидрогеолошки дупнатини и бунари, геотехнички дупнатини и инекциони дупнатини
- извршуваат административни работи
- обезбедуваат квалитет во работењето
- ги одржуваат машините и алатите за работа
- комуницираат со соработниците и ја заштитуваат работната и животната средина

Обуката е бесплатна.

На најдобрите учесници на обуката им се нуди можност за вработување во Градежен Институт Македонија.

Лицата кои се заинтересирани за учество во обуката можат да ги добијат сите потребни дополнителни информации на следниот телефонски број 30 91 931 , на електронската адреса info@iege.edu.mk или директно во просториите на ПНУ Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика на ул. Дрезденска бр. 52 општина Карпош, Скопје.

Апликациите со CV, диплома, копија од возачка дозвола и други потврди и сертификати може да се достават дирекно во просториите на ПНУ ИЕГЕ или на електронска пошта на следната адреса info@iege.edu.mk.

Брајтон 25-30 март 2018


 

Прва работилница на проектот DiMenSion

Прва работилница за развој на наставни програми за професионални курсеви за проектот "Развивање на маркетинг решенија за одржливи брендови" - DiMension.
Брајтон 25-30 март 2018


 

Започнуваат уписите за втората група на заинтересирани кандидати за Обука за Еврокодови

Започнуваат уписите за втората група на заинтересирани кандидати за Обука за Еврокодови. Обуката ќе започне на 16 Април 2018.
Пријавување до 30 Март на маил: info@iege.edu.mk
За повеќе информации на тел: +3892 3091 931

Флаер -> Еврокодови


 

Почеток на Проектот BIMcert, финансиран од престижниот европски фонд Хоризонт 2020

Почеток на Проектот BIMcert, финансиран од престижниот европски фонд Хоризонт 2020.

Building Information Modelling претставува современ професионален софтвер наменет за примена во градежниот сектор, со кој се овозможува формирање на информациски модел на градбата.

Конзорицум од шест европски инстиути, од кои еден е Институт за истражувања во животна средина, градежниот сектор и енергетиката (ИЕГЕ) од Скопје, доби грант од програмата Хоризонт 2020 за развивање на програма за обуки во градежниот секотр, BIMcert.

Партнери во проектот BIMcert се:
- Belfast Metropolitan College - Northern Ireland (BMET) ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР
- Instituto Superior Técnico - Portugal (IST)
- Institute for Research in Environment, Civil Engineering and Energy - IECE – Р. Македонија
- Energy Institute Hrvoje Pozar Croatia (EIHP)
- Future Analytics Consulting – Ireland (FAC)
- CITB Northern Ireland Northern Ireland (CITB)
- Dublin Institute of Technology (DIT) – Ireland (DIT)


 

Одржлив пристап за управување со градежен отпад и рушење

Прв состанок во рамките на проектот "Одржлив пристап за управување со градежен отпад и рушење" - SAMCODE, во рамки на програмата CEI, KEP Италија.
Партнери во проектот се NGO Gaja-Cer и University of Ferrara од Италија.


 

Sustainable Finance and Investment - PoSsibLe

Во просториите на ИЕГЕ се одржаа предавањата по предметот Sustainable Finance and Investment, кој е дел од програмата за Одржливо лидерство - PoSsibLe со проф. д-р Снежана Костадиноска-Милошеска.

"An investment in knowledge always pays the best interest."


 

Летна школа со наслов: Structural Engineering of Industrial Facilities

Стипендии за летна школа во Германија. Во периодот од 18.06.2018 - 29.06.2018 во Ахен, Германија ќе се одржи летна школа со наслов: Structural Engineering of Industrial Facilities. За повеќе информации обратете се на SummerSchool@academy.rwth-aachen.de или локално на info@iege.edu.mk
Structural Engineering of Industrial Facilities


 

Нов добиен проект Еразмус - Професионални курсеви за зачувување и зачувување од влијанијата на климатските промени на изградената културна архитектура

Нов добиен проект Еразмус - Професионални курсеви за зачувување и конзервација од влијанијата на климатските промени на изградената културна архитектура во рамките на програмата Еразмус +.
Проектот ќе се спроведува од 29.12.2017 до 28.12.2019 година, со партнерите Градежен институт Македонија од Македонија, Katholieke Universitetit Leuven од Белгија, Fraunhofer Gesellschaft zur forderung der angewandten forschung од Германија, Vytauto Didziojo Universitetas од Литванија.


Нов добиен проект Еразмус - Развивање на маркетинг решенија за одржливи брендови

Нов добиен проект Еразмус - Развивање на маркетинг решенија за одржливи брендови во рамките на програмата Еразмус +.
Проектот ќе се спроведува од 01.09.2017 до 31.08.2019 година, со партнерите CESIE од Италија, TECHNISCHE UNIVERSITAET CHEMNITZ од Германија, CRYSTALCLEARSOFT ANONYMOS ETAIREIA PAROCHIS YPIRESION LOGISMIKOU од Грција и ICQ Consulting Ltd од Обединетото Кралство.


ИПА - Воведување на паметен туризам и споделување на економијата

Втора обука за корисници на грантови од ИПА од 1-от Повик за доставување предлози од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Албанија за проект - Воведување на паметен туризам и споделување на економијата.
Обуката се одржа на 12.12.14.12.2017 година во Скопје.


CSR and Business Ethics - Љубљана, Словенија

На Економскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија се одржа предавање по предметот CSR and Business Ethics, кој е дел од програмата за Одржливо лидерство со проф. д-р Ангелина Танева-Вешоска


CSR and Business Ethics

Во просториите на ИЕГЕ се одржа предавањето по предметот CSR and Business Ethics со проф. д-р Ангелина Танева-Вешоска кој е дел од Програмата за Одржливо лидерство


ИПА - Воведување на паметен туризам и споделување на економијата

Прва обука за корисници на грантови од ИПА од 1-от Повик за предлози од Програмата за прекугранична соработка на ИПА 2 помеѓу Р.Македонија и Албанија.
Обуката се одржа на 30.11-01.12.2017 година во Струга.
Проектот - Воведување на паметен туризам и споделување на економијата е со износ од 305.000 евра, а ќе се спроведува од 2017-2020 година, од македонски и албански партнери.


ИЕГЕ Обука

На 05.12.2017 година во Комората за овластени инженери и архитекти беше одржана кратка обука од страна на ИЕГЕ. Беа презентирани две теми:
- менаџмент во инженерството
- менаџирање на европски фондови
На настанот беа присутни околу 80 инженери, членови во Комората.


Седмо предавање - Концепти во геотехниката Темелна конструкција

Се одржа седмото предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Концепти во геотехниката Темелна конструкција со Проф. д-р Јосиф Јосифовски.


Шесто предавање - Објект со висока дуктилност

Се одржа шестото предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Објект со висока дуктилност со Доц. Коце Тодоров


Петто предавање - Објект со средна дуктилност

Се одржа петото предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Објект со средна дуктилност со Доц. Сергеј Чурилов


Четврто предавање - Концепти за асеизмичко проектирање конструкции

Се одржа четвртото предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Концепти за асеизмичко проектирање конструкции со Проф. д-р Елена Думова-Јованоска.


Трето предавање - Објект со ниска дуктилност

Се одржа третото предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Објект со ниска дуктилност со Доц. Дарко Наков.


Второ предавање - Проектирање бетонски конструкции

Се одржа второто предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Проектирање бетонски конструкции со проф. д-р Горан Марковски.


Прво предавање - Филозофија на еврокодовите и дејства (товари и влијанија)

Се одржа првото предавање од обуката Проектирање армиранобетонски згради според Еврокодови - Филозофија на еврокодовите и дејства (товари и влијанија) со проф. д-р Тони Арангеловски.


ЕВРОКОДОВИ

Започна обуката за ПРОЕКТИРАЊЕ армиранобетонски згради според ЕВРОКОДОВИ.
Еврокодовите се збир на Европските стандарди (EN) за проектирање на згради и други градежни работи и градежни проеиводи.
Еврокодовите на еден сеопфатен начин ги покриваат основите на проектирањето, градежните активности и конструктивните материјали во сите области на конструктивното инженерство и широк спектар на типови на конструкции и производи.
Обуките траат два месеци и се состојат од:
- прв месец – 30 часа настава распоредена по термини во текот на целиот месец
- втор месец – изработка на проектна задача.
Кандидатите кои успешно ќе ја завршат спроведената обука ќе се стекнат со компетенции и знаење за – Проектирање на соодветен тип на објекти според ЕВРОКОДОВИ
Серификат за успешно завршена обука за проектирање на армиранобетонски објекти од високоградба издаден од Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика.
Предавањата се одрчуваат во едукативниот центар на Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ, кој е дел од Градежниот Институт Македонија.


Дводневна конференција - SME Vision2020

ИЕГЕ присуствуваше на SME Vision2020, дводневна конференција која обезбедува подобро разбирање на Хоризонт 2020 и SME Instrument programmes. Конференцијата се одржа од 9 до 10 ноември 2017 година во City Hall Center Skopje. SME Vision2020 и беше организирана од Enterprise Europe Network Мacedonia, која подджува совети и услуги за тоа како да се изработи победничка апликација за добивање проект. Целта на настанот беше вмрежување на широк спектар на компании, универзитети и истражувачи од цела Европа заинтересирани за споделување на нови идеи за проекти и изнаоѓање соработка за Хоризонт 2020 и SME Instrument programmes. Учесниците имаа 11 претходно закажани билатерални средби. Тие се состанаа со бројни потенцијални партнери за соработка од индустријата и академијата и го намалија времето и парите за наоѓање на нови партнери.


ИЕГЕ доби проект од престижната европска програма Хоризонт 2020

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ, доби финансиски средства од престижниот европски фонд Хоризонт 2020, учествувајќи во конзорциумот на европски универзитети и институти за реализација на проект со наслов BIMcert. Одобрениот проект е во програмата за „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“.


Менаџерска и лидерска школа

Од 29ти Септември до 1ви Октомври се одржа предавањето по предметот Време и Стрес со Ирене Итене бизнис консултант и тренер од Австрија.


ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

“Одржливо патување до работно место”
ГИМ и ИЕГЕ ја подржаа иницијативата за "ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ" и ги пречекаа своите вработени кои доаѓаат со велосипед или споделуваат возило до работно место со подарок - бонус на месечна плата, а останатите со ваучери за 20% попуст при купување на нов велосипед и подарок изненадување (сајла за заклучување,батерија,ѕвонче итн).


Почеток и промоција на Програмата за одржливо лидерство

Во просториите на Економски Факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" се означи официјалниот почеток и промоција на Програмата за одржливо лидерство.
На промоцијата беа презентирани сите информации поврзани со Програмата за одржливо лидерство и детали кои се потребни за успешно започнување и следење на наставата.


Официјалното отворање и промоција на Професионалната програма за Одржливо лидерство - PoSsibLe во Македонија

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на 14ти септември, официјално ја отворија и промовираа професионалната програма за Развој на одржливо лидерство.

Програма за Развој на Одржливо лидерство во Македонија е основана со цел создавање на конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе ги усовршат своите знаења и вештини потребни за градење на одржливи системи и организации во склад со зачувување на животната средина и грижа за природните ресурси.

Професионалната програма за Развој на Одржливо лидерство е креирана во рамките на проектот PoSsibLe, финансиран од ЕУ програмата Еразмус+, за градење Стратешки партнерства во областа на високообразование.


ИЕГЕ присуствуваше на Форумот за зелени работни места

На форумот за зелени работни места присуствуваа 106 учесници, наставници, ученици, претприемачи, претставници од граѓанските здруженија, од Скопје, Струмица, Прилеп, Битола и Гостивар. Претставниците од приватниот сектор, Кнауф, Цересит, Адора Инженеринг, ГЕИНГ, Елена Лука, ИЕГЕ и Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори се претставија со свои репрезентативни материјали и разменуваа искуства и можности за соработка со присутните. „Форумот за зелени работни места и еколошко образование“ претставуваше завршен настан на проектот „Граѓански иницијативи за образование за клима и енергетска ефикасност“, финансиран од Европската Унија и поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Целта беше да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за влијание врз образовните процеси и да се поттикне вработување на млади во секторот на енергетска ефикасност.


Доделени дипломите на првата генерација кандидати на Менаџерската и лидерска школа

На 12.06.2017 година во хотел Marriot се одржа доделувањето дипломите на првата генерација кандидати на Менаџерската и лидерска школа. Во тек се уписите за втората генерација која започнува во Септември 2017 година.


Менаџерската школа за инженери го одржа деветтиот предмет - Маркетинг менаџмент, од 19ти до 22ви мај 2017 год.

Менаџерската школа за инженери го одржа деветтиот предмет - Маркетинг менаџмент, од 19ти до 21ви мај 2017 год. Три дена исполнети со дружење, вежби и активно работење со Кристина Антиќ Георгиевски консултант и тренер од ИЕГЕ.


Втор проектен состанок, дел од Еразмус + проектот „Заедничка програма за Одржливо лидерство“

На 12 мај на Универзитетот во Грац, Австрија се одржа вториот проектен состанок, дел од Еразмус + проектот „Заедничка програма за Одржливо лидерство“. Во тек е подготовката на наставната програма за Одржливо лидерство, која ќе се реализира од октомври 2017 година со партнерските институции од Словенија, Австрија, Македонија и Литванија.


Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ потпиша соработка со средното училиште на Град Скопје Владо Тасевски

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ потпиша соработка со средното училиште на Град Скопје Владо Тасевски.

Оваа соработка претставува важен чекор за реализирање на заеднички активности во насока на поврзување на бизнис секторот и средното образование со цел создавање на компетитивни кадри.

Организација на стручни обуки, настани и програми, предавања, семинари, спроведување на заеднички стручни собири, апликативни и стручни проекти, организација и изведување на практична работа, волонтирање на учениците и изведување клиничка настава, вмрежување со други партнери во државата и странство и остварување заеднички активности во полето на науката, истражувањето и образованието се само дел од активностите кои ќе бидат реализирани.


Менаџерската школа за инженери го одржа осмиот предмет - Емоционална и духовна интелигенција, од 21ви до 23ти април 2017 год.

Менаџерската школа за инженери го одржа осмиот предмет - Емоционална и духовна интелигенција, од 21ви до 23ти април 2017 год. Три дена на активно работење каде што се учеа методи преку заедничко дружење и вежби, со Ангелина Танева Вешоска консултант и тренер од ИЕГЕ.


ИЕГЕ учествуваше во акцијата каде што се засадија нови дрва во Градскиот парк во Скопје

Се грижиме за околината заедно! ИЕГЕ учествуваше во акцијата во соработка со Асоцијацијата за истражување и развој Паблик и Амбасадата на Кралството Холандија во Градскиот парк во Скопје каде што се засадија нови дрва кои ќе придонесат кон квалитетот на воздухот кој го дишеме.


Менаџерската школа за инженери го одржа седмиот предмет - Организациско однесување, од 17ти до 19ти март 2017 год.

Менаџерската школа за инженери го одржа седмиот предмет - Организациско однесување, од 17ти до 19ти март 2017 год. Три дена исполнети со дружење и вежби и активно работење, со Rhonda L. Bowen тренер од Германија.


Јавна расправа по нацрт регионален план за управување со отпад и нацрт стратешка оценка на животна средина за планот во Југоисточен Плански Регион

На 03.03.2017 година во Струмица се одржа јавна расправа по нацрт регионален план за управување со отпад и нацрт стратешка оценка на животна средина за планот во Југоисточен Плански Регион, во кој учествува тим на експерти од Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика-ИЕГЕ, Градежен Инститит Македонија и Енвирон Ресурси.
На расправата беа презентирани главните наоди и заклучоци од процесот на подготовката на планот и СОЖС, како и предложените мерки и алтернативи од страна на тимот ангажиран за нивна изработка.
На расправата учествуваа преставници од Југоисточен Плански регион, од десет засегнати општини, експерти од областа на животната средина, како и невладини организации.


Презентација на резултати и заклучоци од меѓународниот проект со наслов - Заедничка програма за одржливо лидерство

Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ, учествуваат во меѓународниот проект со наслов „Заедничка програма за одржливо лидерство“, финансиран од програмата Еразмус+ Стратешки партнерства во високо образование. На 28 февруари 2017 година на Економскиот факултет се одржа првиот настан – презентација на резултати и заклучоци од спроведени истражувања и анализи за потребата и зголемување на свесноста за одржливо лидерство како клучен сегмент за развој на компаниите и институциите.
Останати партнери во проектот се Економскиот факултет од Универзитетот од Љубљана, Словенија, Институтот за одржливост од Универзитетот од Грац, Австрија и Економскиот факултет од Универзитетот од Каунас, Литванија.


Менаџерската школа за инженери го одржа шестиот предмет - Лидерство, од 17ти до 19ти февруари 2017 год.

Менаџерската школа за инженери го одржа шестиот предмет - Лидерство, од 17ти до 19ти февруари 2017 год. Три одлични дена на активно работење каде што се учеа методи преку заедничко дружење и вежби, со Каролина Корол консултант и тренер од Perfect Project од Полска.


ИЕГЕ учествуваше на Трета Интернационална Конференција за Климатски Промени, огранизирана од USSAID MCCSP

Тимот на ИЕГЕ учествуваше на Трета Интернационална Конференција за Климатски Промени, огранизирана од USSAID MCCSP I Milieukontakt Macedonia. Беа учесници на научната сесија и презентираа научни трудови за - Влијанија на климатски промени врз културно и природно наследство во Скопскиот регион и - Методологија која вклучува индиректна емисија на стакленички гасови во медиуми, превземање на мерки на национално и локално ниво.

 


Менаџерската школа за инженери го одржа петиот предмет - Управување со финансии и ризици, од 20ти до 22ри јануари 2017 год.

Менаџерската школа за инженери го одржа петиот предмет - Управување со финансии и ризици, од 20ти до 22ри јануари 2017 год. Три одлични дена на активно работење каде што се учеа техники и методи преку заедничко дружење и вежби, со Менче Ивановска од Македонија и Милан Вемич консултант и тренер од Србија.

 


Менаџерската школа за инженери го одржа четвртиот предмет - Mindfulness, од 16ти до 18ти Декември 2016 год.

Менаџерската школа за инженери го одржа четвртиот предмет - Mindfulness, од 16ти до 18ти Декември 2016 год. Три одлични дена на активно работење каде што се учеа техники и методи за свесност преку заедничко дружење и вежби, со Ангелина Танева Вешоска консултант и тренер од институтот ИЕГЕ.


M.Sc. Management and Engineering in Design Concepts and Structural Engineering of Industrial Facilities (MME-CONSTRUCT)

Во тек е последната фаза од акредитацијата на последипломската програма - M.Sc. Management and Engineering in Design Concepts and Structural Engineering of Industrial Facilities (MME-CONSTRUCT). Партнери во креирањето и имплементацијата на програмата се:
-Institute for Research in Environment, Civil Engineering and Energy
- "Ss. Cyril and Methodius" University, Faculty of Civil Engineering
- RWTH Aachen, Faculty of Civil Engineering and RWTH School of Business and Economics
- Maastricht School of Management (MSM)
Програмата се очекува да започне во зимскиот семестар 2017/2018


Градежен институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништво и енергетика Скопје и Енвиро ресурси ДОО од Скопје потпишаа договор со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Градежен институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништво и енергетика Скопје и Енвиро ресурси ДОО од Скопје потпишаа договор со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за проектот - Интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион.


Менаџерската школа за инженери го одржа третиот предмет - Проект менаџмент

Менаџерската школа за инженери го одржа третиот предмет - Проект менаџмент во периодот од 4ти до 6ти Ноември 2016 год. Три одлични дена на активно работење и заедничко дружење со Волфганг Шабераитер бизнис консултант и тренер од Австрија.


Четврта работилница за проектот MLS4 Eng

Од 17ти до 21ви Октомври во Бјалисток, Полска од страна на нашиот партнер Perfect Project, се одржа четвртата работилница за проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини.


Менаџерската школа за инженери го одржа вториот предмет - Стратегиски менаџмент

Менаџерската школа за инженери го одржа вториот предмет - Стратегиски менаџмент. Три одлични дена на активно работење и заедничко дружење со Роберт Молнер бизнис консултант и тренер од Србија.


Се одржа првиот работен состанок за проектот - Заедничка програма за одржливо лидерство финансиран од ЕУ програмата Еразмус +

На 30ти Септември во просториите на Економскиот факултет, УКИМ се одржа првиот работен состанок за проектот „Заедничка програма за одржливо лидерство“. Проектот е финансиран од ЕУ програмата Еразмус + за градење стратешки партнерства во областа на високото образование. Партнери во проектот се: Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот во Грац, Австрија, Универзитетот во Љубљана, Словенија, Vytautas Magnus Универзитет, Литванија и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ.


Менаџерската школа за инженери го одржа првиот предмет - Управување со време и стрес

Менаџерската школа за инженери го одржа првиот предмет - Управување со време и стрес, од модулот за личен развој. Три одлични дена на активно работење и заедничко дружење со Ирене Итене бизнис консултант и тренер од Австрија.


Официјално промовирана првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија

Институтот за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ вчера официјално ја промовираше првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија - МИМ.

Настанот се одржа во Хотелот Александар Палас, каде беа присутни гости од бизнис секторот, членови на Стопанската Комора и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, партнери и соработници од Европа, како и првата генерација на избрани 20 кандидати кои се дел од школата.

Менаџерската школа за инженери се однесува на професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини и е специјално креирана согласно потребите кои ги имаат денешните инженери кои сакаат своето постојно искуство да го надградат со фокусирано знаење кое има значајно влијание во нивната идна кариера.


Втор проектен состанок за проектот MLS4 Eng

На 7ми Јуни во Грац, Австрија се одржа вториот проектен состанок за проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини.


Прва и единствена менаџерска школа за инженери во Македонија

Институтот за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ оваа година ја основа првата Менаџерска школа за инженери во Македонија – МММ. Оваа школа ќе биде единствена од ваков тип не само во Македонија туку и во регионот, со оглед на тоа што опфаќа специфична целна публика – инженери од сите области кои имаат потенцијал и јасна визија да се насочат кон менаџерски и лидерски позиции.
Менаџерската школа ќе започне во септември 2016 година, каде 20 инженери ќе добијат можност бесплатно да бидат дел од првата група на инженери кои ќе се стекнат со знаење за менаџмент во инженерството и лидерски вештини.

За подетални информации кликнете на следниов линк


Mеѓународната Hаучна Kонференција ГРЕДИТ 2016

Тим на инженери од Градежен Институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништвото и енергетиката зема учество на меѓународната научна конференција „ГРЕДИТ 2016 - Зелен развој, инфраструктура и технологија“ којашто се одржа од 31.03 до 01.04.2016 во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет. На оваа научна конференција учествуваа признати професори и научници од земјава и од странство, со свои трудови од областа на заштитата на воздухот, водата и почвата од загадување, проценка на ризици, обновливи извори на енергија, земјоделство и квалитет на храната, менаџмент на урбан и индустриски отпад, климатски промени и биодиверзитет, зелени градови, јавно здравје и други теми од областа на заштитата на животната средина. Меѓу дел од наградените трудови се најде и трудот изработен од тимот на ГИМ и ИЕГЕ на тема „Емисија на суспендирани честички ПМ10 во три македонски града и нивното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето“. Трудот освои 2-ро место за постер презентација од вкупно 143.


Одржана работилница за Развој на наставна програма за професионални курсеви

Од 7 до 11 Март во Грац, Австрија беше одржана работилница за Развој на наставна програма за професионални курсеви. Работилницата е дел од проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини финансиран од ЕУ програмата Еразмус + .


Учество на симпозиум “Evaluating the Sustainable Development Goals – New Challenges for Research Policy and Business”

Учество на симпозиум “Evaluating the Sustainable Development Goals – New Challenges for Research Policy and Business”. Настанот беше организиран како форум за дискусија за импликациите на SDGs за оценка на влијанието врз политиките, програмите и проектите во рамки на секторите. Настанот се одржа во Виена, Австрија.


Учество на регионална конференција REDETE

Учество на регионалната конференција REDETE - Researching Economic Development and Entrepreneurship in Transition Economies. На конференцијата ИЕГЕ го презентираше својот труд на тема - Enhancing Competitiveness Trough Collaborative Innovation Partnership - Case study of Macedonian Company. Конференцијата се одржа во Грац, Австрија.


Се одржа првиот работен состанок за проектот Професионални курсеви за развој на менаџерски и лидерски вештини кај инженери финансиран од ЕУ програмата Еразмус +

На 29ти Септември во просториите на ИЕГЕ Институтот се одржа првиот работен состанок за проектот Курсеви за професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини. Проектот е финансиран од ЕУ програмата Еразмус + за градење Стратешки партнерства во областа на образование на возрасни. Партнери во проектот се: Civil Engineering Institute Macedonia, World University Service – Osterreichisches Komitee Verein, Perfect Project Spolka z ograniczona odopowiedzialnoscia, Bit management Beratungs GesmbH


Учество на саем за чиста енергија како дел од ЕУ неделата за одржлива енергија

Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ и Градежен Инстиут Македонија учествуваа на Саемот за чиста енергија кој се одржа во ЕУ Инфо центарот на 16-17 Јули. На саемот беа претставени можностите за практиканство и професионален развој на сите учесници.


Три договори со Министерство за животна средина и просторно планирање за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита на животната средина

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање министерот Нурхан Изаири потпиша 3 договори за истражувачки проекти со Институтот ИЕГЕ. Проектите се однесуваат на истражувања: 1. Влијанието на климатските промени врз природното и културно наследство во Охрид и Охридско 2. Изработка на студија за мерење и хемиска анализа на суспендирани честички ПМ10 во три града во Р.Македонија - Тетово, Кичево и Скопје 3. Развивање на интегрален модел на економска и еколошка евалуација на проектите за вештачки акумулации


Меморандум за соработка со Економски факултет Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј"

ИЕГЕ потпиша меморандум за соработка со Економски факултет ,,Св. Кирил и Методиј", за изработка на истражувачки трудови, анализи и учество во заеднички проекти.


Соработка помеѓу ИЕГЕ, ГИМ и Градежен Факултет

На 24 Декември 2014, потпишан е договор помеѓу ИЕГЕ, ГИМ и Градежниот Факултет. Целта на овој договор е да се нагласат заедничките активности кои ќе се реализираат со цел да се пополни празнината која постои помеѓу бизнис секторот и академскиот свет, и со тоа да се зацврстат капацитетите на младите професионалци. Некои од овие активности ќе вклучуваат тренинг програми за животно учење, заеднички проекти и настани, пракси, консултантски услуги и едукација.


Новогодишна прослава за децата на вработените од ГИМ и ИЕГЕ

На 20 декември 2014 година бевме домаќини на новогодишна прослава за децата на вработените на ГИМ и ИЕГЕ, сакајќи да ја изразиме нашата благодарност за нивната поддршка која придонесува кон успехот на нашите организации. Децата имаа забавен ден, кој беше исполнет со многу креативност, музика, смеа и радост. Тие имаа можност да креираат новогодишни украси и честитки, а магионичарот ги развесели со неговите магични трикови. На крајот од забавата, сите дечиња добија новогодишно пакетче полно со слатки изненадувања, кои без сомнение беа отворени веднаш :)


Саем за вработување 2014

Нашите три организации (ГИМ, ИЕГЕ и Фабрика Карпош) имаа прилика да ги претстават своите активности на Саемот за вработување кој се одржа на 14 октомври 2014 година. Посетителите на саемот добија информации за профилот на кандидати кои ни се потребни, како и за начинот на аплицирање за практикантската програма и отворените работни позиции.


Истражување: Одржлив развој во македонските организации

Тековна активност на ИЕГЕ е истражувањето од областа на Одржлив развој на македонските организации. Истражувањето ќе биде реализирано во текот на наредните неколку недели и ги поттикнуваме македонските организации да учествуваат во истото. За повеќе информации контактирајте не на institut@gim.com


Учество на менаџментот на ГИМ на Adizes курсот

Нашиот врвен и среден менаџмент беа дел од Adizes тренинг и развој курсот од 14 Април до 14 Јули 2014. Курсот беше организиран од страна на менаџерот за човечки ресурси и дизајниран така да им помогне на нашите лидери да ја подобрат нивната способност за градење и менаџирање тимови и им овозможи пристап до совети за избирање членови на тим и создавање на атмосфера во која сите можат да растат и да се развиваат.