Erasmus + K2 CULTHER

Erasmus + KA2 CULTHER

 

20 (дваесет) стипендии за eвропската едукативна програма за Конзервација и презервација на културно наследство од климатски промени

 

Приватно научниот институт ИЕГЕ објавува повик за учество во професионална европска едукативна програма за „Конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени”.

Единствена од ваков тип, професионалната едукативна програма за ,,Конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени” овозможува надградба на знаењата и професионален развој на конзерваторите, архитектите и инжинери.

Програмата е основана со цел создавање на конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе обезбедат развој на својата институција, но и на пазарот на кој дејствуваат, но и ќе допринесат за поголема одржливост на недвижното културното наследство во Македонија.

Учесниците на програмата ќе се стекнат со  релевантни и висококвалитетни вештини и компетенции на учесниците. Програмата е приспособена за кандидати кои веќе имаат искуство во областа на конзервацијата и сакаат да добијат специјализирано и применливо знаење во ова поле.

Институтот ИЕГЕ доделува 20 (дваесет) целосни стипендии за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од меѓународни професори со примена на иновативни практики и современи алатки.

Програмата ќе ја имплементираат професори со долгогодишно професионално искуство од следниве институции: Католички Универзитет Леувен од Белгија, Витауто Универзитет Каунас од Литванија и Фраунхофер од Германија.  

Програмата се состои од следните предмети:

1. Introduction to Sustainable development and Climate Change,

2. Climate change risks and impact on cultural heritage,

3. Valuing and understanding threats to cultural heritage,

4. Cultural heritage as a resource for development,

5. Impact of climate change on built cultural heritage,

6. Preventive conservation strategies in the times of climate change.

 Секој предмет ќе биде реализиран со комбинирано учење, во училница, теренски активности и систем за е-учење. Програмата ќе се спроведува на англиски јазик, од јануари 2019 до јуни 2019.

 

Критериуми за учество во програмата се:

  • - Високо обрзаование пожелно во следните области: конзервација, архитектура, археологија, историја на уметност, градежништво или хемија;                                                                                                             
  • - Минимум 2 годишно работно искуство во конзервација;                                                                                                    
  • - Одлично познавање и говорење на англиски јазик.

Доколку сакате да бидете дел од едукативната програма, Ве молиме испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо во елктронска форма на info@iege.edu.mk со назнака Апликација за едукативна програма CulTher најдоцна до 01 јануари 2018 година.

 

Програмата е дел од проектот ,,Професионални курсеви за конзервација и презервација на недвижно културно наследство од влијание на климатски промени – CulTher”, финансирана од европската програма Еразмус +, Соработка за иновација и размена на добри практики, во партнерство со институции од Белгија, Германија и Литванија.